Писмото до Џон Вејн

Многумина од вас го знаат Џон Вејн како актер, но малкумина ја знаат приказната за тоа што се случило пред неговата смрт. Ова е таа приказна!

pismoto-do-dzon-vejn-vistinska-prikazna-2

Синди беше ќерка на Роберт Шулер (познат мотивациски оратор и автор). Таа беше тинејџерка кога настрада во сообраќајна незгода со мотоцикл и мораше да и се ампутира едната нога.

Џон Вејн беше голем обожавател на Роберт и кога слушна на телевизија дека неговата ќерка е во болница и дека нејзината нога е ампутирана, почувствува голема потреба да и испрати утешно псимо. Тој и напиша:

Драга Синди,

Навистина многу ми е жал што слушам вакви вести. Се надевам дека брзо ќе закрепнеш и сè ќе биде во ред.

Најдолу на писмото се потпишал лично тој.

Таа му одговори:

Драг Господин Вејн,

Го добив вашето писмо, Ви благодарам што ми пишавте токму мене. Јас сум твој голем обожавател. Ќе бидам добра бидејќи Исус ќе ми помогне. Драг Господине дали вие го знаете Исус? Се надевам дека го познавате, бидејќи не можам да замислам дека рајот би бил комплетен без вас еден ден. Ако случајно не го познавате се надевам дека во овој момент ќе му го предадете вашето срце и тоа ќе го пронајде својот пат до него. Се гледаме во рајот!

И го потпишала своето име.

Токму кога го стави во коверт и го адресираше до Џон Вејн посетител влезе во нејзината соба и ја запраша што прави.

Таа одговори: „Му пишувам писмо на Џон Вејн.“

„О, па би можела да ми го дадеш мене. Јас имам вечера со него токму ноќва и ќе му го дадам лично.“ – рече посетителот.

Таа му го подаде ковертот, а тој го стави во џебот од палтото.

На таа вечера имаше околу 20 луѓе. Седеа околу масата и весело разговараа.

Во еден момент момчето случајно се допре за џебот, го почувствува ковертот и се сети дека треба да го предаде на Џон Вејн.

Џон седеше на крајот од масата па момчето подвикна: „Господине, денес бев кај ќерката на Шулер на посета. Таа ви напиша писмо и ме замоли да ви го предадам. Повелете!“

Џон Вејн го отвори и прочита писмото, ја наведна главата и гласно заплака.

„Оди кај тоа девојче и кажи и дека Џон Вејн вечерва, токму сега го предаде своето срце на Исус. И кажи и дека ќе се видиме во рајот.“

По само три недели Џон Вејн почина...

Никогаш не знаеме зошто судбината не поврзува со некои луѓе и каква порака ни носат тие.

Сè што во овој момент нема смисла во вашата глава, не е залудно. Еден ден времето ќе каже зошто работите се случиле токму така и никако поинаку.

*При проверка на автентичноста и вистинитоста на оваа приказна наидовме на спротиставени тврдења. Постојат многу околности кои се поклопуваат со вистинските настани, но и такви кои немаат објаснување до крај. На крајот од краиштата, тоа можеби и не е толку важно. Важна е поракта што таа ја носи!

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg