Поучна приказна: тајните за среќен и успешен живот

Еднаш одамна, еден мудар учител полн со животно искуство сакал да подучи еден од своите ученици на тајните за среќен и успешен живот.

poucna-prikazna-za-prezivuvanjeto-i-bogatstvoto-01

За да го научи на тие важни лекции, одлучил да отпатува со ученикот во едно од најсиромашните села во покраината каде што живееле. Набрзо откако стигнале, учителот го замолил момчето да му помогне да ја најдат најсиромашната  куќа во местото.

Откако оделе подолго време, стигнале до најсиромашниот дел од градот. Таму ги дочекала неверојатна глетка – најмала и најсиромашна куќичка која некогаш ја виделе.

Сопственикот кога ги забележал, излегол и топло ги пречекал.

- И јас ве поздравувам, добар човеку – одговорил учителот. Дали може ние двајца, уморни патници, да одмориме во вашата куќа преку ноќта?

- Ние овде живееме во многу тесен простор, но ако не ви пречи може да преспиете.

Гостите прифатиле, влегле и почнале да разгледуваат наоколу, но не забележале ништо вредно. Кога излегле од куќата, сфатиле дека се излажале.

Ова семејство сепак имало едно добро и вредно нешто – кравата, единственото нешто што ги спасувало од сиромаштијата.

Вечерта ја поминале во оваа бедна, трошна куќичка и пред изгрејсонце се подготвиле да заминат без никој да ги забележи.

Пред да го продолжат патот, стариот мудрец му шепнал на ученикот: Дојде време да ја научиш лекцијата, поради која дојдовме до ова место.

Мудрецот полека ѝ се приближил на кравата која била врзана за оградата и со брз потег ѝ го пресекол вратот. Додека кравата умирала, ученикот стоел запрепастен и збунет.

Мудрецот тргнал по патот, а ученикот сè уште збунет го следел во чекор.

Поминала една година и мудрецот му предложил на ученикот да се вратат во селото, во куќичката каде ја уби кравата.

Стигнале по многу денови патување и почнале да ја бараат истата куќа. Околината изгледала исто како претходно, но куќичката ја немало. На нејзино место имало голема и убава куќа.

Пред нив се појавил сопственикот на куќата, оној ист човек што го запознаа претходната година. Облечен многу подобро, дотеран и со насмевка на лицето.

Не се ни посомневал дека тие се виновни за смртта на неговата крава, повторно ги поканил да влезат. Дури им раскажал и за тоа како веројатно некој љубоморен му ја убил кравата истиот ден кога тие си заминале.

- Без тоа животно бевме на самото дно на егзистенција. Не знаевме како да се прехраниме. Така,  исчистивме една мала површина земја и посеавме семе. Од зеленчукот преживеавме првите неколку месеци.

По некое време откривме дека нашата градина ни дава повеќе храна од тоа што можевме да изедеме. Од продажбата на вишокот купивме уште земја и семиња, па посадивме уште повеќе зеленчук.

Наскоро имавме доволно храна за да продаваме и на градскиот пазар. Првпат во животот имавме доволно пари за доволно храна и облека. Минатиот месец ја изградивме и оваа куќа.

Мудрецот кој цело време внимателно ја слушал приказната, му се обратил на ученикот: „Мислиш ли дека ова семејство ќе го постигнеше сето ова за кратко време ако и понатаму ја имаа кравата?“

Кравата која ја вреднуваа како најголема драгоценост, всушност била пречка која ги држела врзани во сиромаштија.

Затоа, убијте ја сопствената крава, што и да е и колку и да ви значи. Ослободете се од она што сметате дека ви е материјално највредно, ако сакате да се натерате да постигнете нешто повеќе.

Додека мислите дека тоа што го имате е најмногу и најдобро што можете, никогаш нема да постигнете нешто повеќе.

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg