Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Носталгијата за краткото, безгрижно детство

nostalgija-za-kratkoto-bezgrizno-detstvo

Сите ние бевме деца, водевме сопствени битки, го чувствувавме крајот на светот заради изгубената опрема за физичко, случајно оставениот чадор под клупата или пак заради сознанието дека не сме поканети на роденденот на нашиот другар од класот.

Се радувавме на ситници. Од рака полна сончоглед, до сликичките од животинско царство или добиените „само уште 5 минути“ во моментите кога токму тие ни беа од животна важност.

Денес се чини заборавивме на овие мали моменти на радост и тага, се чини дека станавме имуни на треперење, сочувство и топол збор.

Да, точно е дека некогаш не знаевме кој е најдобриот телефон, што е економска криза, ниту пак дека црна хроника може да биде толку морбиден документ.

А бевме во криза, и растевме во уште поголема, го чекавме сигналот на фиксниот телефон и се расправавме со двојникот, компјутер беше непознат поим, мобилен телефон – што беше тоа?

Сепак, изгледа, бевме многу посреќни.

Се сеќавате, со часови игравме ластик и жмурки, народна, со минути продолжувавме една иста реченица, мижевме, баравме, викавме колку што не држеше глас.

Денес се трудиме да прескокнеме по некој оброк во денот, да направиме големи, а не така важни чекори, да бидеме видени, возвишени...

Понесени од носталгијата, во овие песимистични моменти, сетете се на оние неколку убави спомени кои вредат злато во вашиот живот. Сетете се на оние кои ги делеа овие моменти со вас.

Оние кои знаеја што значеше палењето на уличните светилки, па за рака фатени трчаа со вас до дома колку и да ги болеа нозете.

Оние кои не се плашеа да го споделат минијатурното чоколатце со вас, оние кои силно ве стискаа за рака во моментите кога некој ненамерно сакаше да ве раздели.

Оние фантастични срца полни оптимизам, заради кои оваа реалност се чини некако полесна за поднесување и поубава за разбирање.

Денес, живејте ја убавината со нив, а утре повторно сеќавајте се на убавините започнати со „некогаш.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Ване Маркоски за CRNOBELO лексикон: „Му ја вадев душата на дедо ми од правење бељи“ „'Какви ги има, ти си супер' е најсмешниот комплимент што некогаш сум го до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg