Наполни го куферот со спомени и испрати го во минатото

Ех, како беше кога... Пронајди го зборот – натрапник! Пронајди го тоа камчето што те сопнува на секој чекор. Правиш ли воопшто некаков чекор или си го тркалаш тоа исто камче „беше“ и седиш на истото место со куферот преполн спомени, чекајќи возот да те одведе во друг правец?

napolni-go-kuferot-so-spomeni-i-isprati-go-vo-minatoto-01

Како да те одведе во друг правец кога чекаш на истата станица, го чекаш истиот воз, а тој има само еден правец и тој е во круг.

Кога и да се качиш во него ќе ги видиш истите глетки низ прозорецот, само малку подостарени. Возот застанува на истите станици и те води кон минатото.

Се сеќаваш на истите моменти, на истите места и ликови. Како да заминеш подалеку? Влечкаш огромен куфер спомени кој ти тежи.

Колку пати отиде до крајната станица на минатото и не го остави куферот? А тој само таму припаѓа.

Собери ги сите спомени, наполни го куферот и испрати го во минатото засекогаш.

Ослободи се од стравот кој те заробил, раскопчај ги копчињата на старата кошула и пушти го срцето да летне во нова прегратка.

Разголи си ја душата, избриши ѝ ја шминката и покажи го нејзиниот лик.

Исправи се храбро, застани на работ и почувствувај го адреналинот! Преземи го ризикот и искачи се до врвот.

napolni-go-kuferot-so-spomeni-i-isprati-go-vo-minatoto-2

Никогаш не се задоволувај со изодената патека по која поминале многумина. Спакувај ги и старите чевли што те водат по истиот пат.

Замини од станицата на која чекаш некој да ти го врати загубениот куфер со спомени. Тргни без товар, без пајажината која ти беше заплеткана во мислите.

Замини и остави сè што било и поминало. Извади го камчето „Ех како беше“ од џебовите.

Пронајди нов, убав, шарен куфер кој ќе го чуваш отворен. Во него реди ги сите нови моменти, сите нови личности и сите нови срцебиења.

Во отворениот куфер чувај моменти кои вреди да се повторуваат. Секаде патувај без товар, а сите нови спомени реди ги во отворениот куфер. Во него секогаш ќе има место.

napolni-go-kuferot-so-spomeni-i-isprati-go-vo-minatoto-5

В.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg