Пролетта ми мириса на нов предизвик!

Имав цела зима за сонување, па можеби затоа пролетта ми мириса на предизвик. Ми мириса на ново, на промена, на будење. Светот ја поприма бојата на магнолии, небото добива некакво чудно синило.

proletta-mi-mirisa-na-nov-predizvik-01

Девојките не се целосни без црвен кармин и фустани со точки, а мажите без скриен поглед под очилата - не се мажи. Барем јас имам таква замисла во главата.

Пролетта доаѓа во чудни, поинакви, насмеани нијанси и бои. Во стомакот ми раѓа пеперутки и летни мушички. Важно ми е само да сакам, истражувам и освојувам.

По ова, и вие сакате да бидете дете на пролетта?

За почеток, ослободете се од сите непотребни мисли, исфрлете ги сите очекувани моменти, реченици, фрази, насмевки, погледи и движења - бидете единствени!

Направете нешто ново, купете си карта за егзотична дестинација и отпатувајте сами. Едноставно, разгалете се. Толку сигурно сте заслужиле!

Кажете го она што не сте смееле до сега, одвртете ги вентилите на искреноста - тоа лечи!

Нарачајте си ледено кафе и сончева светлина на сметка на пролетта. Не прифаќајте ништо помалку, ништо што е половично и барајте го само најдоброто.

Имајте на ум дека во вашиот живот вие ги поставувате правилата, но и вие ги кршите. Животот е тука за да биде онаков каков што вие го сакате.

Секогаш сте среќни онолку колку самите ќе си овозможите среќа и насмевки. Затоа, ризикувајте и бидете поинакви. Секој може да мисли, но не и да живее.

Држете се до животниот став „Не ми можеш ништо“ и запаметете дека целите не побаруваат средства. Бараат работа, упорност и тврдоглава волја.

Отворете ги прозорците и вратите и дозволете пролетта да ви ги прочисти каналите на душата од она што упорно ве труе!

М.Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам и сега не ми можеш ништо „Навистина ништо не можеш да ми направиш. Ниту денес, ниту утре, ниту некогаш. П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg