Секој од нас заслужува да почувствува искрена и чиста љубов

Престанете веднаш да ги броите и споменувате сите оние пати кога некој ве повредил и ви го скршил срцето, тоа не значи дека не заслужувате вистинска љубов.sekoj-zasluzuva-da-pocuvstvuva-iskrena-i-cista-ljubov-1

 Тагата и скршеното срце се дел од живот и тие се случуваат истовремено со убавите работи. Еден ден ќе пронајдете некој кој навистина вреди, колку тоа и да ви звучи смешно во моментов.

Верувајте во бајка и ќе ја добиете. Нема ниту една причина зошто таа да не се случи.

Кога се чувствувате лошо и разочарано, сетете се дека и вие заслужувате љубов исто како сите останати. На планетата има милијарда луѓе, не значи дека се исти како тоа едно момче или девојка кој/а ви го скршило/а срцето.

Не заборавајте, дека вие сте уникатна личност и еден ден некој ќе се заљуби во сите оние ваши маани кои ги презирате. Не се ни сомневајте во тоа. Она што е најважно е никогаш да не се откажете од потрагата. Бидете упорни и имајте на ум колку вистински вредите.

Љубовта не е за совршените туку таа почесто ги бира оние несовршените кои пак заедно градат едно совршенство. Доколку си мислевте дека треба да сте совршена личноста за некој да ве засака грешите.

Дали вие сакате само совршени луѓе? Сигурно ги знаете и нивните маани, недостатоци и сигурно постојат и работи кои ве нервирале кај нив, но, сепак, сте ги обожавале тие луѓе. Со вас не е никако поинаку.

sekoj-zasluzuva-da-pocuvstvuva-iskrena-i-cista-ljubov-2

Заслужувате љубов сè додека знаете како да ја цените нејзината вредност. А штом еднаш сте поминале низ нејзиниот трнлив пат, сигурно следниот ќе ја зграпчите силно новата шанса и на правилен начин ќе ја негувате.

Затоа не ги потискајте старите спомени и искуства кои сте ги имале во љубовта, макар колку горчлив вкус и да имаат. Учете од нив и бидете подготвени за новите страници кои ќе ги испишете со љубов.

За некој друг ве засака, најпрво сакајте се себеси и прифатете се онакви какви што сте. Не се фокусирајте премногу на вашите проблеми и недостатоци, туку пуштете ги работите сами да растат и да се развиваат.

Помислете на сите добрини кои досега сте ги направиле и запомнете заслужувате искрена, чиста љубов и ништо помалку од тоа. 

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg