Палавкото од нашето детство: Како брои Зоки Поки?

Вратете се во времето кога карамелите на Зоки Поки ви беа најслаткото нешто, кога неговата Лидија беше поим за љубов, а неговата баба синоним за авторитет.

palavkoto-od-naseto-detstvo-kako-broi-zoki-poki-001.jpg

Понекогаш успеваше и да ни даде некоја луда идеја во таа наша мала глава каде неговиот свет царуваше.

Мечето со кое спиевме беше болно кога бевме и ние, баш како и неговото, сите имавме по една Лидија или посакувавме да бидеме на нејзинот место, па дури и кога баба ни се лутеше, го испробувавме трикот со вода врз глава.

Се сеќавате како Зоки и го купи целиот свет на Лидија?

Нема некој што не ги памти сите негови згоди и незгоди. Секогаш со радост се сеќаваме на некоја од приказните.

Вратете се уште еднаш во детството и посетете се како Зоки Поки учеше да брои.

Почна Зоки да учи да брои. Му покажаа кои се бројките до 10, тој ги повторуваше цел ден и сите помислија дека ги научил.

Вечерта дојдоа гости и му донесоа на Зоки ќесе карамели.

А, рече бабата, не знаете вие, Зоки умее да брои до 10!

Да видиме, извикаа гостите, ако умее, тогаш нека ги изброи карамелите кои му ги донесовме.

О, тоа е најлесно, рече Зоки, веднаш!

Тој ги растури карамелите пред себе и почна.

Една карамела, вели Зоки, и одделува на страна една карамела. Две карамели... Три карамели...

Браво, браво, велат гостите.

Три карамели... повторува Зоки и, та што стана! Тој застанува и не може да продолжи понатаму.

Мајка му му помогна:

Че... Че...

Четири, се сеќава храбро Зоки и бликнува во радост. Четири! Знаев јас, четири!

Ајде понатаму, по насочуваат гостите. Зоки пак застанува.

Пе... Пе... одново г храбри мајка му, а тој зинал во неа за да и ги погоди мислите.

Пе... ? - се прашува, но одеднаш се сеќава. Пет! Пет! Пет!

Понатаму, понатаму, викаат нестрпливо гостите.

Но Зоки Поки ја врти карамелата во рацете, се вртка, гледа во мајка си, па сепак не може да си спомни која бројка доаѓаше по пет.

И неочекувано за сите тој си ја става карамелата в уста.

Ова не е за броење, вели, не чини!

Па и оваа не чини, вели Зоки и за следната карамела. Пих, какви карамели сте ми донеле!

Гостите го гледаат и се потсмевнуваат.

Зарем и другите карамели не се за броење и не чинат? - го прашува еден чичко.

Чекајте првин да ги пробам, не се збунува Зоки, а потоа ќе ви кажам дали се за броење.

И една по една, Зоки ги става карамелите в уста.

Најпосле, тој зачуден извика:

О, па веќе нема карамели за броење!

palavkoto-od-naseto-detstvo-kako-broi-zoki-poki-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg