Работи кои ги научив откако го деактивирав Фејсбук профилот

Една ноќ, пред точно два месеци, седев пред својот компјутер, кога конечно го тргнав погледот од екранот. На Фејсбук се приклучив само на 5 минути, со цел да се опуштам и да се исклучам од реалноста, но некако поминаа повеќе од 20 минути...

raboti-koi-gi-nauciv-otkoga-go-deaktivirav-facebook-profilot-1

Го погледнав сопругот, кој ја подготвуваше вечерата и слушаше музика и помислив дека во тие 20 минути можев да разговарам со него, но не, наместо тоа јас го потрошив времето на луѓе кои во реалниот живот ми се странци.

Некако станав уморна од чувството дека морам да одржувам контакт со толку многу луѓе кои и не ги познавам надвор од социјалните мрежи. Станав уморна од проверување на реакциите на секој мој статус или слика, се чувствував како лицемер, а тоа е најмалку што сакав да бидам.

Нешто мораше да преземам, а решението се чинеше едноставно: одјави се. Никој не ме присилува да го задржам својот профил, а и светот нема да застане ако мојот фејсбук се деактивира.

Затоа одлучив да пробам, а од тој момент поминаа два месеци и од сето тоа ги научив овие лекции:

Имам помалку добри пријатели, отколку што си мислев. И драго ми е поради тоа.

Искрено, кога бројот на Фејсбук пријатели се искачи на стотина, тоа беше премногу. Како можете да бидете во контакт со толку луѓе и истовремено да остварите длабок, личен и искрен однос каков што пријателите треба да имаат? Неколку недели откога заминав од Фејсбук, само неколку луѓе ми се јавија да ме прашаат дали сум добро, а тоа е одличен тест за пријателството.

raboti-koi-gi-nauciv-otkoga-go-deaktivirav-facebook-profilot-2

„Лајк” не значи ништо

Оваа опција веројатно имала добра намера на самиот почеток на Фејсбук, но за брзо време „Like” го загуби своето значење. Тоа некако стана обврска, односно начин да покажеме дека сме го виделе постот или статусот. Слободно споредете со импулсивниот одговор на луѓето „Добро сум” - тоа е автоматски одговор и потполно бесмислено.

Не мора секој момент да се забележи

Да посакате да „зграпчите” убав момент е потполно природна работа, но тие мигови се наменети да живеат во вашите спомени, а не да бидат фотографирани или поделени со стотина луѓе кои не ни биле таму.

Признавам, тешко е да се одјавите од Фејсбук и да се прилагодите на живот без оваа социјална алатка.

Со секој минат ден, надвор од социјалната мрежа, стана јасно дека донесов добра одлука и дека е време да се фокусирам на моето семејство.

Фејсбук, јас не те мразам, но не ми ни недостигаш. Убаво се дружевме, но време е да се разделиме.

Сепак, јас сум заљубена во реалниот свет. 

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg