Биди со оној кој те сака повеќе

Кога ќе го запознаеш оној кој те гледа со поглед од кој не сака да пропушти ниту една искра во твоите очи, биди со него.

bidi-so-onoj-koj-te-saka-povekje-01

Заљуби се безгрижно и безусловно. Тој те сака повеќе. Него можеш да го замислиш пред олтар, како татко на твоите деца, дури и како старец кој сè уште ти ја држи збрчканата рака.

Биди со тој што те сака повеќе, бидејќи тој ќе те сака дури и кога си најлоша. Заради него ќе се чувствуваш убава, заради него ќе се заљубиш и во себе.

Оној што те сака повеќе нема да ти се развикува, ќе биде трпелив и ќе знае да ти се извини. Ќе сака да направи сè за тебе.

Не го посакувај фраерот кој ти буди само страст и на кој во моментот не можеш да му одолееш. Биди со оној кој те сака повеќе.

Страста не го одржува ниту домот ниту семејството, таа разгорува и згаснува, тогаш не ви останува ништо. Нему ќе му фалиш кога ќе заминете, но брзо ќе ве замени и заборави. Фраерот не се врзува и не зависи од никого.

Не пати по него и не го барај истото кај оној што те сака повеќе. Биди со него затоа што тој те сака безусловно, затоа што тој ќе биде покрај тебе во секој момент, заедно ќе ги прославувате убавите моменти и ќе си бидете поддршка во тешките моменти.

bidi-so-onoj-koj-te-saka-povekje-2.jpg

Не ги барај другите момци, тие никогаш нема да ја имаат потребата за тебе, додека тој не може да издржи без да те види.

Биди со тој што те сака повеќе, затоа што тогаш ќе бидеш најдобрата верзија од себе. Ќе бидеш најсреќната девојка во светот затоа што некој те сака повеќе.

Бегај од оној со кој само на моменти чувствуваш недостижна среќа и еуфорија, таа исчезнува. Не барај некој по кој ќе патиш за да му се приближиш, туку изгуби се во оној кој те сака повеќе.

Можеби ќе речеш дека е подобро да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не го почувствуваш тој занес. Но, кога ќе бидеш безнадежна и скршена од болка, ќе зажалиш за секој момент.

Најди го оној што ќе те сака повеќе и чувај го, зашто тој е вреден за среќата која не може да се измери во денови, месеци или години.

Повторувај си го ова одново и одново. Верувај во ова и дај му шанса на оној што те сака повеќе.

Доволно си паметна да знаеш дека ниедна вистинска љубов нема среќен крај, само со него барем ќе умреш знаејќи дека некој те сакал повеќе.

bidi-so-onoj-koj-te-saka-povekje-1.jpg

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg