10 Работи кои сѐ уште ги немам расчистено во животот и тоа е во ред

Целиот свој живот тежнееме да создадеме совршен живот, но сфатив дека понекогаш е во ред работите да останат такви какви што сѐ...

20-raboti-koi-se-uste-gi-nemam-rascisteno-vo-zivotot-i-toa-e-vo-red-1

Сѐ уште не можам да си објаснам зошто ставив пирс на носот кога имав 15 години, а сега имам дупче кое без разлика колку шминка и да нанесам, сепак се познава.

Веројатно бидејќи во животот некогаш правиме работи не знаејќи што времето ќе ни донесе. Затоа понекогаш е во ред да не знаеме и да немаме расчистено некои работи во животот:

1. Не знам дали некогаш ќе го напуштам мојот град

Секоја година ја почнувам со истите желби, а тоа се дека еден ден можеби ќе заминам од родниот крај за да видам како ќе се снајдам сосема сама на некое друго, далечно место. Но, како што годините си поминуваат, така и мојот план останува под знак прашалник.


2. Не знам зошто некои луѓе се злобни

Не сум ни јас светица, но сигурно е многу напорно константно да се биде злобен кон другите и да се чека некој да згреши. Фините луѓе ми се омилени.


3. Не знам зошто пријателите не остануваат пријатели

Сигурно и вие сте мислеле дека засекогаш ќе останете заедно со тој еден пријател, но на крајот сепак вашите патишта се разделиле, на ваков или онаков начин.


4. Не знам дали некој друг некогаш ќе ме гледа како тој

Тој срамежлив, топол, сладок поглед додека шетаме по кејот на реката Вардар и кога тишината кажува повеќе од зборовите...


5. Не знам дали сум доволно добра ќерка

Колку што моите родители се одлични кон мене.


6. Не знам дали некогаш ќе ги оставам цигарите

Свесна сум колку се тие штетни врз моето здравје, но сепак после „само уште оваа цигара” палам нова.


7. Не знам дали ќе имам доволно време да ги прочитам сите книги

Секој месец си правам листа на книги кои би сакала да ги прочитам, но времето ме притиснува и тие сѐ уште стојат на мојата полица.


8. Не знам дали некогаш ќе бидам задоволна со моето тело

Јас сум својот најголем критичар и да, посакувам поголеми гради, можеби пополни усни или подолга коса, а тоа само ми ја уништува самодовербата.


9. Не знам дали ќе бидам добар родител

Дали ќе успеам добро да го воспитам моето дете? Навистина не знам.


10. Не знам што сѐ не знам.

Но, добро знам што знам. И веројатно тоа е доволно за мене.

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg