Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите работи за кои не ѝ се заблагодари на најдобрата другарка, а требаше!

Најдобрата другарка сигурно е една од најважните личности во твојот живот која секогаш е покрај тебе и направила мал милион работи за кои заслужува големо „благодарам“.

site-raboti-za-koi-ne-i-se-zablagodari-na-najdobrata-drugarka-a-trebase-01

Вообичаено забораваш да го кажеш или сметаш дека тоа ѝ е работа. Но, секој може барем толку да го направи.

Најважно е вниманието кога се прават мали работи, кога ги забележуваш нејзините мали работи кои ги прави за тебе и знаеш да кажеш „благодарам“. Тоа мало зборче има толку  големо значење.

Ова се работите за кои треба да ѝ се заблагодарите на вашата најдобра пријателка:

1. За секојпат кога ти дозволи да се вратиш и кога претеруваше

Сите оние пати кога сакаше да испробуваш нешто ново, кога знаеше да се промениш под нечие друго влијание, кога правеше глупости, а таа знаеше дека ти треба време да сфатиш и пак ќе се вратиш.


2. За оној пат кога те остави да влезеш во врска со некој што не треба

Не те запре, само за да сфатиш сама дека навистина не е вреден за твоето време и да се откажеш на половина пат.

site-raboti-za-koi-ne-i-se-zablagodari-na-najdobrata-drugarka-a-trebase-3

3. За тоа што има трпение да те слуша додека зборуваш за твоите проблеми дури и кога забораваш да прашаш како е

Понекогаш знаеш толку многу да се окупираш со своите проблеми што забораваш дека и на другите нешто им се случува. Но, таа е тука да те ислуша и да почека до следната средба за да ти каже што има кај неа.


4. За тоа што се согласи да излезе со другарот на оној кој ти се допаѓа, само за и ти да можеш да излезеш

Тоа го прават најдобрите другарки. Понекогаш се жртвуваат за среќата на својата најдобра пријателка.

site-raboti-za-koi-ne-i-se-zablagodari-na-najdobrata-drugarka-a-trebase-2.jpg

5. За тоа што ти ја позајми омилената облека и ти дозволи да ја задржиш

Таа смета дека ако тоа те радува треба да го направи, бидејќи твојата насмевка и среќа ѝ значат повеќе од кое било парче облека.


6. За тоа што била покрај тебе во сите периоди од животот

Дури и кога си била во пубертет, дебелка и со мозолчиња, а таа можеби едно од најубавите девојчиња во училиште, никогаш не те заменила со друга, ниту се срамела да се дружи со тебе.

site-raboti-za-koi-ne-i-se-zablagodari-na-najdobrata-drugarka-a-trebase-5.jpg

7. За тоа што наместо да ти префрла колку јадеш, таа ти се придружува

Додека сите други постојано ти префрлаат дека премногу јадеш или колку калории внесуваш и каква нездрава храна консумираш, со неа можеш секогаш опуштено да седнеш во ресторан и да поделите една пица.


8. За тоа што секогаш те заштитува пред родителите

Таа знае зошто нешто си направила и знае дека твоите родители не би прифатиле такво нешто, но секогаш знае како да те заштити пред нив. Знае како да ги смири и те разбира зошто правиш понекогаш погрешни работи, но не те обвинува.


9. За тоа што ти дозволува нејзиниот дом да биде и твој дом

Кај неа не треба да бараш да ти донесе чаша вода или да ти свари кафе. Слободно тоа можеш да го направиш и сама. Знаеш сè каде стои и сама се послужуваш како да си дома.

site-raboti-za-koi-ne-i-se-zablagodari-na-najdobrata-drugarka-a-trebase-6.jpg

10. За тоа што колку и да е во право, никогаш не ти возвраќа со „ти реков...“

Знае каква си и знае дека мора да научиш од своите грешки, па колку и да е во право, ќе те ислуша додека се жалиш, без да ти возврати со „ти реков“.


11. За тоа што секогаш ти ја кажува вистината

Колку и да боли, колку и да не сакаш да ја слушнеш, таа чувствува должност дека не смее да те лаже и дека мора да ја знаеш вистината, а потоа ти дозволува сама да одлучиш.

За сите овие работи и за многу други, понекогаш треба да ѝ кажеш „благодарам“ на најдобрата другарка.

site-raboti-za-koi-ne-i-se-zablagodari-na-najdobrata-drugarka-a-trebase-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Долго време живеев сама, се будев сама, пиев кафе сама... Зошто е важно да знаеш да бидеш сама?“ „Долго време живеев сама и ја засакав својата самотија. Во неа најдов мир кој го...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
Најкратката мудра приказна за среќата (и тројцата браќа) Доколку овие денови ви недостига среќа, оваа приказна е патоказ како да ја прона...
Во автобус од Скопје до Милано патував со жена на која сè ѝ пречеше и само се бунеше - Зошто не е уб... На почеток да појаснам која е „Славица“ (ако не знаете) - тоа е секоја жена на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg