Одлуки за кои ќе зажалите подоцна во животот

Свесно или несвесно, сите понекогаш грешиме. Но, ако сакате да водите успешен живот во иднина, потрудете се да се држите на страна од овие одлуки кои за неколку години ќе ви се докажат како сосема погрешни:

odluki-za-koi-ke-zazalite-podocna-vo-zivotot-01.jpg

1. Глумите за да ги воодушевите другите

Ако постојано се правите нешто што не сте, еден ден ќе се изгубите помеѓу реалноста и преправањето. Кога трошите премногу време фокусирајќи се на тоа како другите ве доживуваат, полека ќе се изгубите кои навистина сте. Не се плашете дека некој нема да ве сака, тоа е потполно нормално. Не мора да бидете совршени и сите да ви се воодушевуваат.


2. Им дозволувате на другите да ги одредуваат вашите соништа

Во животот најголем предизвик е да откриете кои сте навистина. Вториот најголем предизвик е да бидете среќни со тоа. Постојат луѓе кои не се сложуваат со вас? Тоа значи дека одите по свој пат, не дека грешите. Никогаш не смее да им дозволите на другите да одредуваат што сакате и какво е вашето мислење.


3. Останувате во негативно друштво

Пред сè, потребно е да ја знаете разликата помеѓу константно негативното друштво и личностите кои поминуваат низ тешки животни ситуации, па не се претерано оптимисти. Негативното друштво ќе го препознаете така што постојано ќе се чувствувате непријатно, без оглед на време и место. Постојат негативни луѓе кои едноставно не ви се потребни во животот.


4. Себични сте и егоистични

Никогаш не бидете себични со личностите кои ве сакаат. Поделете ја среќата, бидете утеха и рамо за плачење кога тоа е потребно. Вашите емоции не се ништо повредни од оние на лицата кои ве сакаат. Секој вреди толку колку што дава, имајте го тоа на ум.

odluki-za-koi-ke-zazalite-podocna-vo-zivotot-02.jpg

5. Не сакате да се промените и да пораснете

Сите се менуваат и тоа мора да го прифатите. Тоа не значи дека повеќе не сте свои, туку дека сте доживеале различни искуства кои ве промениле. Во нив ништо нема лошо, лошо е ако не сакате да се менувате.


6. Се откажувате во тешките моменти

Не постојат неуспеси, само резултати. Сè е резултат на она што сте го вложиле. Ако нешто не се одвива како што сте планирале, извлечете го најдоброто од ситуацијата и продолжете понатаму. Не стојте во место, така ризикувате никогаш да не тргнете нанапред.


7. Се задоволувате со помалку отколку што заслужувате

Треба да бидете мудри и да го барате она што ви следи. Ако тежнеете по нешто подобро од сегашната ситуација и не сте задоволни или среќни, продолжете понатаму. Не се задоволувајте со просечното. Не се смирувајте само затоа што некој ви кажал дека ви е време.


8. Мрзливи сте

Престанете да фантазирате и почнете да делувате. Преземете одговорност и контрола. Важни сте и потребни. Престанете залудно да си го трошите времето и да чекате другите да ви направат услуга. Денот е создаден за успех, а вие за да успеете.

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg