Ти си можеби мојата шолја топол чај, но јас моментално сакам да се напијам ладно пиво!

Ти си можеби мојата шолја топол чај, она вистинското, суденото што би рекле старите, но јас моментално сакам да се напијам ладно пиво.

ti-si-mozebi-mojata-solja-topol-caj-no-jas-momentalno-sakam-da-se-napijam-ladno-pivo-1

Сакам да ми се подуе стомакот од пиво, не од секс, сакам да уживам во топлите денови држејќи го ладното пиво во рака, бидејќи жежок чај и жешко време не е баш сјајна комбинација, знаеш?

Ти си таа мојата шолја топол чај која е тука за да ми го смири духот, стомакот и пеперутките во него, тука е секогаш да ме спречи да повратам после многу испиени ладни пива.

Да, ти си таа шолја чај која јас секогаш ја потопувам во врела вода и ја оставам да отстои под тацна.

Ти си тој што секогаш го оставам да отстои бидејќи знам дека нема да замине никаде подалеку од мојата шолја, моето срце.

Можеби нема да заминеш, но можеш да се изладиш знам, но ако...

Јас уживам и додека пијам ладен чај, знаеш?

Би ти ставила неколку коцки мраз, две парчиња лимон и би уживала во твојот нов вкус.

Ти си можеби мојата шолја топол чај, иако не знаеш дека јас ретко пијам чај, но од тебе би сркнала секогаш  неколку голтки колку да се смирам.

Ти си мојот лек за настинка, ме лекуваш со твојата арома која удира во лицето, пареа која ги отвора сите пори на лицето, ми ги влажни усните сè уште недопрени.

Но, јас повторно се разболувам пиејќи ладно пиво дури и во зима, кога би требало да те пијам почесто.

И покрај се ти си секогаш тука за мене...

Ти благодарам, навистина, знам дека те запоставувам, но што да правам кога не сакам да те заменам со ладно пиво, сакам да останеш мојата шолја топол чај која ќе ми ги топли рацете, фајќајки ми се за срцето.

Сакам да останеш тоа што си, но моментално исто така би сакала да се напијам ладно пиво, онака колку за промена.

ti-si-mozebi-mojata-solja-topol-caj-no-jas-momentalno-sakam-da-se-napijam-ladno-pivo-2

Автор: Д.М.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg