22 животни вистини кои треба да ги следите за да бидете среќни и слободни

22-zivotni-vistini-koi-treba-da-gi-sledite-za-da-bidete-srekni-i-slobodni-1.jpg

12. Разузданите мисли ве обземаат ако не знаете да ги доведете во ред. Минатото влијае на вашата лутина, бес, тага, љубомора, вина, но ако сте внимателни може да го избегнете сето тоа и да се ослободите.

13. Единствениот начин за да бидете среќни е да го замолчите светот и да ги слушнете вашите внатрешни мисли и желби. Животот ќе ве одведе до многу краеви, но вие треба да си го одберете сопствениот пат за да продолжите понатаму.

14. Не го чекајте само викендот. Ако не можете да најдете задоволство во останатите 5 дена, тогаш мора нешто да промените веднаш. Не чекајте да ви се смени животот. Сменете ги размислувањата и барајте ја среќата секојдневно.

15. Не гледајте како ви одминува времето во животот, туку користете го. Создавајте ги работите. Направете нешто невообичаено, следете ја страста, не ги трошете залудно деновите.

16. Ништо не е поважно од тоа како те третираат луѓето. На тој начин и ќе те запомнат. Никој не се грижи за тоа каков автомобил возиш или колкава плата земаш. Сето тоа е само фасада.

17. Никогаш не се вљубувај во некој што е груб кон другите. Како што се однесува кон другите, така ќе се однесува и кон тебе еден ден.

18. Љубовта е секојдневен избор и начин на однесување кон партнерот. Некогаш изборот е лесен, некогаш е тежок. Она што ја дефинира врската е како се однесувате кога изборот е тежок.

19. Не ги откажувајте договорените планови со луѓето, затоа што еден ден ќе престанат да ве прашуваат.

20. Научете да бидете отворени и да ги слушате другите. Ако нешто ви е непријатно, земете здив, па размислете пред да заминете. Многупати треба да ги забележите сигналите и да се разберете себеси.

21. Спасете се себеси. Единствената личност која може да ве спаси од болката сте самите вие. Единствено вие може да го живеете вашиот живот. Задржете го во себе само она што ви е вистински важно.

22. Нема лесен начин за добивка. Сè што е вредно се стекнува вложувајќи сè што имате.



Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg