Гласно зборувам, не заради другите, туку за да се слушнам себеси

Прилично сум вчудоневидена од себеси овие денови. Викав и сè уште викам. Потсмевлива и зајадлива сум дури и со оние пријатели со кои никогаш претходно не сум била таква.

glasno-zboruvam-so-sebesi-za-da-se-slushnam-01.jpg

Всушност никому така не сум се обраќала претходно.

И додека зборувам така со повишен тон нешто од мене како да се издвои. Ме набљудуваше со чудење.

„Зошто сум толку гневна и зошто зборувам баш вака“?

Зборовите сами излегуваа од мене, сами го минуваа патот преку моите усни и не бев во состојба да ги спречам. Сè од мене излегуваше. Сè се ослободи. Мислите, чувствата, емоции... Се прашувам колку смешно изгледало сето тоа, сите мои чудни однесувања.

Се ми се чини дека бев потполно луда и како да не знаев каде сум. Како да слушав неколку песни истовремено, неколку гласа со различни емотивни бранови, но не беа само слушнати. Се чувствував како да ги пеам. Како од мене да излегуваат во вид на мелодија.

Мојот ум функционираше под сосема поинакви бранови должини од мојата волја и способност за контрола.

И така продолжи тоа гласно зборување. Стана и пострашно. Зборуваше за да ги слушнам оние зборови кои не сакав да ги чујам, кои сакав да ги избришам од мојата глава, кои болеа.

Јас не зборувам такви работи. Не затоа што имам цензура, туку затоа што такви содржини нема во мене.

Како излегуваат овие мисли сфаќам дека колку и да мислам дека сум способна за самонабљудување и анализа, јас всушност сум само несвесна за мојот внатрешен свет и за тоа што навистина се наоѓа во мојата глава.

Мислев дека некои мисли и зборови се заборавени, но само сум се лажела себеси.

glasno-zboruvam-so-sebesi-za-da-se-slushnam-2.jpg

Затоа се појави оваа втора личност која излезе од моето срце која почна да ги кажува работите кои долго стоеле во мене, а јас со сила сум се обидувала да ги избришам од облакот мемории.

И другите околу мене го забележаа стравот во мене, стравот кој се појави и кој ме натера да коленичам пред втората личност. Дојде за да мене освести. За да ме научи која сум.

Каде е сега таа личност што се зборува? Не можам да ја оставам. Морам малку да ја стишам. Да не ја слуша секој.

Можеби еден ден ќе излезам на улица и гласно ќе и кажам на мојата сосетка дека изгледа како лонче со новите шишки. Или ќе му кажам на саканиот дека длабоко во мене има сомнежи.

Добро е. Можам да се релаксирам. Контролата е повторно тука. Ја слушам втората личност и можам гласно да продолжам со зборување сама со себеси без некој да го забележи тоа.

Јас сега зависам од оваа втора личност. Таа ми обезбедува пријатност во дијалозите на ултракратки бранови должини кои доаѓаат од помешани станици од мене.

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg