Кога во животот ќе помислите „Зошто немам повеќе“, сетете се на оваа приказна

Си била еднаш една сиромашна жена која имала едно дете кое многу го сакала и ѝ било единствената утеха за нивната сиромаштија.

koga-vo-zivotot-kje-pomislite-zoshto-nemam-povekje-setete-se-na-ovaa-prikazna-01.jpg

Меѓутоа, била ужасно љубоморна на богатите и често си зборувала на себе, како најмногу би сакала да има злато, пари и богатство за да биде најсреќна.

Една ноќ во сон ѝ се појавил еден богат човек кои ѝ рекол дека дошол за да ѝ ја исполни желбата - ќе ја однесе до просторија преполна со богатства од кои може да земе сè што ќе посака, но не смее да го заборави она кое ѝ е најмило.

Опиена од желбата да земе што е можно повеќе, со часови останала во собата собирајќи сè што ќе види и сè што може да понесе со себе.

Кога веќе не можела ништо да понесе, побарала да ја пуштат. Човекот ѝ рекол да се сврти и уште еднаш да погледне дали земала сè, случајно да не заборавила нешто, тоа што ѝ е најмило.

Гледајќи во богатството кое го понела со себе, рекла дека сè што посакувала, земала со себе.

Среќна, излегла од просторијата, а големата врата се затворила.

Кога пристигнала дома сфатила дека го заборавила своето дете.

Во тој момент, очајно плачејќи по своето дете се разбудила од сонот и го здогледала своето најмило до неа.

Силно го прегрнала и очите ѝ се исполниле со солзи радосници.

Кога во животот ќе помислите: „Зошто немам повеќе...“, сетете се на оваа приказна.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Брат, кај мене во фирма во Скопје е таква „калакурница“, а и „најмајкичката“ ете ја спие со колега Брат, не сум ти јас ангел, ниту проповедник ама кога решив да се женам, си расчи...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...

Најчитани неделава