Широко ги отворив очите за да го видам надворешниот сјај, онака како што го гледав внатрешниот

Седев на трпезариската маса и го пиев попладневното кафе, зјапав низ прозорот без притоа да забележам дека несвесно зјапав во сопствениот лик.

vreme-e-za-promena-01

Го гледав тоа несовршено лице и се обидував да дознаам што не е во ред со него, ми беше полно со прашалници и конфузии, кои како да не сакаше да признае дека го мачеа.

Додека зјапав со негативната енергија од тежината која нараснала со текот на годините, се обидував да ги пронајдам сите маани. Ги гледав несредените веѓи и нескратената брада. Ја гледав косата и не ми се допаѓаше начинот на кој таа изгледа.

Се исправив и на моето тело гордо излегоа вишокот килограми кои се наталожиле. Гледав и не можев да си поверувам како можев со целата таа бркотница да се заборавам себеси. Згора на се пушев цигара, нешто што ветив дека нема да го правам никогаш, но тоа беше многу одамна.

Не можев да објаснам зошто, но тој ден како да го добив повикот за будење. Никогаш претходно не сум забележал дека мојата прекрасна личност, онаа добродушната, скромната, посветената, онаа која никому не би нанесла зло, со своите постапки и своето држење изгледа сосема спротивно од она што сака да го претставува, а ги има сите можности да блесне однадвор, само требало да престане да бара изговори и да се погрижи за себеси.

Ја згаснав цигарата, за среќа беше последна од кутијата, ја згмечив кутијата со раката и си ветив себеси дека нема никогаш повеќе да го вкусам тој отров. Ја вклучив машинката и додека стоев пред огледалото средувајќи се она што се трудело да го наруши мојот имиџ, јас размислував како смеев да дозволам да си фрлам сенка на она што го претставувам.

Во животот не можеш да бараш виновник за клучните работи кои те засегаат само тебе, за нив во најголемиот број случаи си самиот одговорен. Додека влакната паѓаа покорно, одев мисла по мисла, обидувајќи се да запомнам се она што требаше да го негувам. За да бидам еден примерок кој ќе може со гордост да се нарече нечиј идол.

Да, знам дека честопати книгата не ја купувате заради нејзините корици, но тие се доста важни за таа да биде забележана. Се чудев како сум дозволив времето да ме згмечи до тој степен што ќе заборавам да се грижам за себеси. Од толку трчање кон сите обврски, ја заборавив основната, да изгледам онака како што се чувствувам.

Додека ги средував пропустите во изгледот, правев план за тоа што треба да го сменам физички, беше жално да живеам со вишокот килограми на дваесет години. Решив да престанам да купувам кутии цигари за да го трујам своето тело и да се посветам на здравиот начин на живот.

Колку и да изгледаше префинето и незамисливо, сепак беше достижно. На некој начин ги отворив очите, сакајќи конечно да можам да застанам пред огледало и да го гледам со иста гордост надворешниот сјај, онака како што се восхитував на внатрешниот.

Не беше тоа само обично ветување и напразно зборување кога сѐ ќе стежне, туку вистинско посветување кое заживеа една силна порака во мене, никогаш повторно да не заборавам да се грижам за себеси. Знаев дека процесот на промена можеби ќе биде болен и напорен, но бев спремен да го променам мојот живот на подобро, тоа беше најмалку што можев да сторам за себеси.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg