Знаев дека тие 10% секогаш ќе постојат, затоа секогаш бестрашно ризикував

Луѓето беа многу чудни, фраза која редовно ја повторував секојдневно во мојата глава. Можев да го прочитам тоа од секој поглед, можев да го видам сето тоа во нечие движење или нечии размислувања. Сите различни, со поинакви замисли и цели, а сепак толку слични, сите бевме чудни, колку и да го негиравме тоа.

znaev-bestrasno-da-rizikuvam-01

Се сеќавам стоев на пешачкиот премин и очекував да се приклучи зелено светло, но стоев можеби долго време упатувајќи сочни пцовки до глупавиот семафор кој бесцелно ми го трошеше моето слободно време.

Бев изнервиран, за неколку минути во кои морав да почекам. Мразев да не правам ништо, бидејќи во самиот момент кога ќе престанев да правам нешто, доаѓаа нови мисли во мојата глава и одново имав работа која ми го нарушуваше мирот.

Овојпат размислував за сите храбри и не толку храбри чекори во мојот живот. Преиспитував едно прашање кое утрото го прочитав во статија од весник, таму велеше „Дали сте личност која ризикува?“. Во моментот кога дремев, чекајќи го зеленото светло, тоа беше мислата која ми дојде како нов нерешен проблем во мојот биолошки систем.

Си ја повторував во главата и на прсти ги броев доказите за сите ризици кои сум ги презел, беа премногу за да се избројат. Можев со сигурност да кажам дека често ризикував. Имав остар јазик и не се плашев од последиците, секако бидејќи разумно и свесно ги преземав ризиците.

Мразев кога луѓето ризикуваа многу работи бесцелно. И ако ме прашаат дали повторно би го направил тоа, со задоволство би одговорил да, затоа што не постоеше причина која би ме натерала да се каам.

Сфатив дека убавите работи нема да се случат ако играм на сигурно, првиот  разговор, првиот бакнеж, првиот секс, првата средба со чедото кое штотуку се родило, чекањето на олтарот, сето тоа беа ризици кои вредеше да се случат. Беше тешко, бидејќи тенка е границата помеѓу позитивното и негативното, толку тенка што е тешко да ја разликуваш.

Многумина знаеа да кажат дека се сигурни и веруваат дека нивниот ризик ќе се исплати 90%, но наместо со сигурност да се впуштат во она што треба да им се случи, тие го одбегнуваа само заради тие 10% кои не го дополнуваа делот за да тие добијат една целина. Како да не сфатија досега, живеејќи ја реалноста  никогаш не можеме да поседуваме сѐ.

Колку и да звучи самоуверено, колку и да е чудно и несфатливо, јас секогаш одбирав да ризикувам, без разлика што секогаш ги имаше тие 10% кои ми го матеа умот, некогаш беа и многу повеќе од толку, но знаев дека убавите работи доаѓаат ако се бориш за нив.

Секоја битка, секоја лузна од таа битка, секој неуспех и секој успех, беа дел од ризиците кои сакав да се случуваат почесто. Тука се кршеше или градеше личноста, тука се создаваше мојот карактер, тука учев како да бидам посилен, а не ранлив, тука учев како е да живееш по сопствени правила, верувајќи во чекорите кои ги преземаш.

Додека се сеќавав на забрзаното дишење и потта на лицето во времето кога мораше да се донесат тешки одлуки, светна зелено светло на семафорот. Пуштив чекор напред, како една симболика на се она што ми се вртеше во главата.

Посакував сите да ја стекнеа таа храброст, која не беше вродена, туку се калеше во текот на годините со болката која знаеше да распара се однатре. Колку и да беше критично, колку и да беше мала веројатноста дека ќе успеам, јас одбирав да ризикувам. Во тоа сиво секојдневие, тоа ми беше авантурата која ми беше потребна, а сакав да ми се случува почесто...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg