Ако се прашувате уште колку можете да издржите... Можете многу повеќе отколку што мислите

Секојдневно животот ме ставаше на тест, тестирајќи ја мојата издржливост, храброст и одлучност.

ako-se-prasuvate-uste-kolku-mozete-da-izdrzite-mozete-mnogu-poveke-od-toa-sto-ste-zamislile-001.jpg

Честопати на таквиот сериозен настап, знаев да треперам како пред музички настап во основно училиште, каде директорот и родителите ми беа во првиот ред. Колку и да негираме, тремата отсекогаш била составен дел од нас самите.

Многупати знаев да се замислам и честопати ми доаѓаше да се откажам од големите работи, сметајќи дека тоа е еден преголем залак, за кој не сум подготвен да го вкусам.

Но, како и се останато дотогаш, кога еднаш ќе се препуштиш и ќе ги совладаш сите пречки, без разлика што рацете и нозете крварат, сфаќаш дека нема работи на кои стои знак „невозможни”.

Тогаш како да си ја победил тремата, си го открил животот и моќта да бидеш успешен, без разлика колку е голем тестот на кој си поставен.

Би бил себичен и сосема неискрен ако кажам дека отсекогаш беше така, на тоа патешествие до успехот, многупати застанав и мислев дека тоа е максимумот кој овие раце и ова тело може да го издржи. Но, не само физички. И душата многупати беше растргната на сите страни, обидувајќи се да го пронајде својот спокој.

Сум ги губел оние кои не требало никогаш да ги изгубам, сум плачел и кога солзите сакале да пресушат, сум се смеел кога не ми било воопшто до смеа, сум се влечел низ калта на животот надевајќи се на подобри денови.

Кога ќе ги спојам сите тие сеќавања, дури и се чудам на сопствената моќ за повеќе, се прашувам што беше силата која ме тераше во тој момент да продолжам. Како се појавуваше така спонтано, како неповикан гостин во зло доба. Како најдобра пријателка која дотогаш била сосема непозната.

Знам дека застанував и викав одлучно, „Ова е тоа, јас не можам повеќе.”

Не сум само јас, туку скоро секој доаѓа до таа точка каде светлината на крајот на тунелот не постои.

Па, ако се прашувате колку можете да издржите, од сите тие болки, измачувања, од сите разочарувања, тешкотии кои се наоѓаат на вашиот грб, вашето огромно бреме кое не можете да го носите, сите тие предизвици кои изгледаат сосема големи, верувајте дека можете. И тоа можете многу повеќе од она кое сте си го поставиле како горна граница на издржливоста. Без разлика колку е големо, без разлика колку е недостижно, можеби и болно. Вие тоа го можете.

Единствено нешто што треба да пронајдете е силата, која треба да ве движи напред. Таа постои, понекогаш доаѓа сама, но понекогаш бара мала потрага, како онаа која ја игравме како деца, потрагата по скриеното богатсво. Доволна е мала среќа, насмевка, пријателски разговор, потпирање на нечие рамо или едноставно мир и тишина во кои ќе се обидете да се пронајдете себеси.

Предизвиците од овој ден или оваа година ќе бидат убави спомени за година или две, ако бидете доволно храбри да се соочите, а раните кои ви ги нанел животот ќе најдат начин да зараснат и можеби за неколку години нема да изгледаат толку болни како сега.

Двете, како конци кои го плетат вашиот живот, доброто и лошото, ќе се случуваат, па ако вашата грижа е околу тоа дали можете тоа да го издржите доволно долго, одговорот би бил можете, тоа и многу повеќе.

Сите ние се раѓаме за да бидеме запаметени, наше е дали ќе се бориме до последен здив, или потполно ќе се откажеме од нашиот живот, велејќи „Jас не можам повеќе!“

Затоа зграбете ја секоја прилика и надминете ја секоја болка, вие сте дошле на овој свет за да останете запаметени, не го земајте тоа здраво за готово!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg