Правила по кои живеат силните жени - Не очајуваат кога го губат партнерот, не го мразат минатото

Денешните жени поседуваат богатство од практични знаења и вештини со кои ги совладуваат секојдневните обврски.

zivotni-mudrosti-od-silnite-zeni-ne-ziveat-vo-iluzii-postojano-ucat-od-postarite-generacii-01.jpg

Сепак, тие забораваат дека покрај знаењето и способностите, секојдневно треба да се водиме и од животната мудрост на нашите баби, тетки и мајки.

Само така можете да станете голема жена...

Кои жени се големи?

Големината на жените не се мери само преку социјалниот статус, материјалните добра кои ги поседува или некои од карактеристиките кои ја прават доминантна.

Големината на жените лежи во силата на волјата да се надминат и совладаат сите моменти кога ви се чини дека ништо не ви поаѓа од рака, ништо не се одвива како што сте планирале, кога имате чувство дека сте изгубиле контрола над вашиот живот...

Во таквите моменти на сцена настапуваат силните жени кои се полни со самодоверба, кои знаат кои се и што се и што можат, а што не.

Големите жени не живеат во илузии, туку се свесни за непредвидливоста на животните околности и мудро размислуваат за секојдневието. Тие постојано ги „консумираат“зрната на мудроста од кои учеле и понатаму продолжуваат да учат.

Зрна мудрости за секојдневна примена:

Големите жени кога ќе сфатат дека го губат партнерот, не очајуваат. Наместо меланхолија и себе обвинување посегнуваат по спомените. Се потсетуваат на личностите и ситуациите покрај кои се чувствувате заштитено и сакано.

Чувството на отфрленост го заменуваат со чувство на припадност.

Големите жени го почитуваат знаењето на претходните генерации на жени кои отсекогаш се истакнувале како  жени кои знаат како да ракуваат со своите финансии.

„Црниот фонд“ за големите жени е резервен рудник кој постојано мора да биде полн. Популарно кажано, мораат да имаат „за секој случај“.

Големите жени во својот гардеробер секогаш имаат посебно парче облека кое можат да го искористат како „кец на десетка“, ако неочекувано добијат покана за состанок.

Големите жени на минатото не гледаат како на нешто негативно, без оглед на тоа колку било темно и тешко.

Не се жалат за она што било, затоа што знаат дека е зад нив и се благодарни на искуствата кои ги добиле во животот.

Не заборавајте - она што се случува денес никогаш повторно нема да се случи, затоа важно е да ги искористите моментите и од нив да го извлечете она што е најдобро.

Не бидете во заблуда - секој миг нуди нешто посебно, колку и да ви се чини како неважно или бескорисно.

Токму од таквите моменти влечете по едно камче кое го пополнува вашиот мозаик наречен живот, мозаик за кој со сигурност ќе зборувате во иднината.

За да доживееме старост и да уживаме во неа, треба бавно и смирено да созреваме.

Сетете се на природата во пролет кога сè е созреано. Прекрасните јаболка кои ги гледате на јаболкниците не би биле со силно црвена боја и не би биле така сочни, ако не созревале бавно.

Временските (не)прилики оставиле трага, но крајниот резултат е тука да ве потсети дека животот и понатаму продолжува.

Набавете се сет шрафцигери, денешните жени не можат да си дозволат поради своето незнаење и незаинтересираност да зависат од некој друг.

И комплет фина долна облека - некои жени не го прават тоа бидејќи не им е важно како изгледаат пред некој друг, но реалноста е дека треба да го направите тоа за себе, а не за другите.

Важно е да имате пријателка или пријател, личност на која можете да се доверите и да ги прикажете најскриените делови од вашата душа. Личност пред која можете да се смеете и да плачете.

Набавете убаво парче мебел кое никој претходно не го има.

И прибор за јадење, такаа што гостите кои ќе ве изненадат да се чувствуваат почестено кога ќе ги послужите.

Никогаш не заборавајте - големите жени имаат чувство како да ја контролираат сопствената судбина.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гледаме туторијали на YouTube, бараме совети на Фејсбук - Колку се промени мајчинството во последнит... За секој проблем со децата, бараме совет на интернет. Имаме модерни виртуелни се...
Антониа Гиговска за CRNOBELO лексикон: „Прв симпатија ми беше наш познат пејач“ „Дали е мана не знам, ама лесно се заљубувам. Нормално, ако тој некој има нешто ...
Ќе ме сакаш ли и кога ќе бидам неслатка торта, на која ѝ поминува рокот на траење? Ќе ме сакаш ли и кога филтерот на години ќе ги донесе трагите на сè што сум мисл...
Миа Костова за CRNOBELO лексикон: „Ме задеваа во основно, знаев да 'изедам' и некоја клоца“ „Ме плашат смрт, болест, загуба на блиски, ајкули, земјотрес…“ - Миа Костова се ...
Некогаш првачето чекаше прва петка на рачето, денес - скапи патики и фотосесија за на Фејсбук „Денес, првиот училиштен ден е посветен за ставање на фотографии на Фејсбук и вк...
Добиваш ќерка и ѝ ги дупнуваш ушите, располагаш со нејзиното тело како да е твое - зошто? Добиваш ќерка и ѝ ги дупнуваш ушите. Без нејзина волја, нејзина дозвола и соглас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg