Мали животни приказни кои ќе ви го стоплат срцето и ќе ви стават насмевка на лицето (втор дел)

Животот е полн со неочекувани ситуации, емотивни моменти, подеми и падови. А, малите работи се тие кои го прават поубав и побогат.

mali-zivotni-prikazni-koi-kje-vi-go-stoplat-srceto-i-kje-bi-stavat-nasmevka-na-liceto-vtor-del-01.jpg

Токму тие мали работи нè потсетуваат зошто вреди да живееме и сакаме.

Неколку кратки приказни кои ја прикажуваат најсветлата страна на човештвото и нè инспирираат:

1. Поминаа 10 години од смртта на мојот татко. Кога бев дете имаше навика да ми пее кратка мелодија пред да легнам да спијам. Кога наполнив 18 години, додека лежеше на болничкиот кревет борејќи се со ракот, улогите ни се сменија и јас му ја пеев на него истата мелодија. Одамна заборавив на таа мелодија сè додека една вечер не ми ја запеа сопругот. Неговата мајка му ја пеела истата мелодија кога легнувал да спие како малечок.

2. Денес мојот 11-годишен син одлично го владее знаковниот јазик благодарение на неговите пријател кој уште од малечок е наглув. Имав можност да бидат сведок на нивното искрено пријателство кое трае со години.

3. Мојот татко почина на 92 години. Го најдов неговото безживотно тело на неговиот омилен кауч заедно со фотографија од мајка ми која почина пред 10 години. Таа беше љубовта на неговиот живот и очигледно, последната работа која сакал да ја види пред да почине.

4. Јас сум горда мајка на 17-годишно слепо момче кое е родено без неговото сетило за вид. Тоа никогаш не го спречило да биде одличен студент и гитарист, како и да ја сака неговата долгогодишна девојка. Сестра му го праша што точно му се допаѓа кај неа, а тој ѝ одговори: „Сè. Преубава е.“.

5. Денес заедно со мојот 12-годишен син отидовме да ја посетиме неговата баба во дом за возрасни и изнемоштени лица. Медицинската сестра кога не виде го поздрави: „Здраво Шон“. Го прашав од каде го знае неговото име, а тој ми возврати: „Секој ден после часови поминувам на кратко да ја поздравам баба“. Воопшто не знаев за ова.

6. Дедо ми чува фотографија од него и баба ми каде заедно се смеат на некоја забава од `60-тите. Мојата баба почина во 1999-та година кога имав само 7 години. Еден ден ме фати како зјапам во фотографијата, дојде одзади и ми рече: „Запомни, само затоа што некои работи траеле кратко, не значи дека не вредат“.

7. Денес сум мајка на две деца и баба на четири внуци. На 17 години останав бремена со близнаци. Кога моето момче и пријателите открија дека не планирам да ги абортирам, ме оставија на цедило. Продолжив понатаму, а кога се запишав на колеџ најдов момче кој сега ми е сопруг и веќе 50 години се грижи за моите две деца.

8. Седев на балконот од хотелската соба и видов во далечината двајца љубовници како шетаат на плажата. Од нивниот говор на телот можев да забележам колку уживаат заедно. Кога се доближија, сфатив дека се моите родители кои веќе 8 години се разведени.

9. Денес на 72 години, речиси 15 години по смртта на мојот дедо, баба ми се премажи. Имам само 17 години, а никогаш во животот не сум ја видел баба ми да биде толку среќна. Убаво е кога ќе видите двајца кои се толку среќни и вљубени дури и на нивна возраст. Никогаш не е предоца.

10. Денес, две години откако се раздвоивме, мојата поранешна сопруга и јас излеговме на вечера. Се смеевме и уживавме еден во друг. На крајот на вечерата, таа ми даде големо плико со 20 писма во него. Беше именувано како: „Писма кои бев премногу горда за да ги дадам“.

11. Доживеав сообраќајна несреќа и морав да носам завој на главата. Воопшто не го сакам. Во еден момент влезе мојот помал брат во собата со завој на главата, ми рече дека го направил тоа за да не се чувствувам осамен.

12. Мојот 91-годишен дедо е во болница. Еден ден го посетивме заедно со баба ми и го прашав: „Кој е твојот најголем успех во животот?“. Се сврти кон баба ми и ѝ рече: „Тоа што животот го поминав со тебе“.

13. Денес, на 50-годишнината од нашиот брак се сврти кон мене и ми рече: „Сè што посакувам е да те запознаев порано“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кент, Монопол, Брза географија - Друштвени игри што будат носталгија и ќе ве потсетат на детството Се сеќавате ли на друштвените игри што ги игравме како деца? Колку од вас сѐ ушт...
Некогаш првачето чекаше прва петка на рачето, денес - скапи патики и фотосесија за на Фејсбук „Денес, првиот училиштен ден е посветен за ставање на фотографии на Фејсбук и вк...
„Да не е толкава мрза“ и уште 12 работи што Македонците би ги смениле кај партнерите Да бидеме искрени, никој не е идеален, ни ние, ни партнерот што е покрај нас. Со...
Работи што ги правевме на фиксните телефони, а денешните деца не можат да ги сфатат Се сеќавате ли колку ни беше поедноставно детството? Немавме мобилни телефони со...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
„За најдобрите наставнички само вредни подароци“ - Kога стана нормално да ја купуваме наклонетоста н... Нека ни е наздравје училишната година, ете ја, заврши, вака или онака, со препиш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg