Лекции од една 40-годишна жена за сите млади девојки и жени: Помалку очекувајте, повеќе патувајте

Оваа година полнам 40 години. Имам две прекрасни деца со кои се гордеам и неколку позначајни остварувања.

lekcii-od-edna-40-godisna-zena-za-site-mladi-devojki-i-zeni-pomalku-ocekuvajte-poveke-patuvajte-001.jpg

Среќна сум со животот кој го имам и сè што сум постигнала во него.

Но, кога денес ќе погледнам назад кон животот, со сите искуства кои тој ми ги даде, да можам да се вратам во времето во многу моменти би постапила поинаку.

Токму затоа би сакала сите вие кои сте во триесеттите да го прочитате ова:

1. Сакајте и целосно прифатете се себеси

Веројатно ќе донесев многу подобри одлуки ако ги прифатев и двете личности кои живееја во мене, добрата јас и лошата јас. Сите ние имаме маани и доблести, но битно е да се спознаете себеси и да научите да живеете со тоа.

2. Збогатете ја вашата душа

Ако не знаете што е тоа што ве возбудува и интересира, пробајте нови нешта. Никогаш не знаете каде ќе ја пронајдете вашата инспирација и слобода.

3. Најдете поддршка

Долго време се обидував да се носам со сите проблеми сама и мислев дека успевам во тоа. Подоцна сфатив дека присуството на неколку пријатели и роднини кои ќе ве поддржат во сè е една од најважните работи во животот.

4. Бидете искрени

Секогаш кога имав проблем, ја покажував пред светот најубавата насмевка и се правев како ништо да не се случило. Само малкумина пријатели знаеја низ што поминувам. Искреноста е најдобрата политика, а откривањето на проблемите пред најблиските ќе ви помогне да ги согледате многу поискрено.

5. Живејте за себе, не за другите

Најголемиот дел од животот го поминав грижејќи се за другите, на моменти целосно заборавајќи на себе. Запаметете, никогаш нема сите да ги направите среќни, многу поважно е вие да бидете среќни.

6. Престанете премногу често да правите компромиси

Сите ние имаме различни желби и потреби и токму затоа компромисите се дел од нашиот живот и врска. Но, не заборавајте компромисот е добар сè додека се заснова на заедничка согласност. Ако секогаш вие сте тие кои попуштаат, со цел да не избувнат кавги, време е да се запрашате дали таа врска навистина вреди.

7. Патувајте повеќе

Ова е веројатно нештото за кое најмногу жалам. Патувањето создава спомени кои никогаш нема да ги заборавите. Престанете да ги трошите парите на неважни глупости и патувајте.

8. Помалку грижете се

Престанете постојано да размислувате за сè она што може да се случи, бидејќи на тој начин само си наштетувате себеси. Кога ќе почнете помалку да се грижите ќе видите колку помалку ќе чувствувате напнатост и колку подобро ќе спиете.

9. Престанете да се споредувате со другите

На моменти за ова ги обвинувам социјалните медиуми. Можеби во извесен степен е добро да се споредите со луѓето околу вас, но споредувањето со животот на познатите холивудски ѕвезди или некој на Фејсбук може да ве наведе кон депресија. Едно нешто нека ви биде постојано на ум: ничиј живот не е така совршен како што изгледа на фотографиите.

10. Заборавете на очекувањата

Секако и јас сонував за принцот на бел коњ во кој ќе се заљубам и ќе живееме заедно до крајот на животот, но подоцна сфатив дека тоа се случува само во бајките. Откако и мојот втор брак се распадна престанав да очекувам многу работи и почнав да живеам многу поубаво. Луѓето никогаш нема да бидат онакви какви што вие сте ги замислиле, затоа најдобро е да ги пуштите во својот живот само оние кои можете да ги прифатите онакви какви што навистина се.

11. Живејте за да работите, не работете за да преживеете

Да можев да почнам одново ќе се обидев да работам многу други нешта за да ја најдам вистинската работа која целосно ќе ме исполнува. Нема ништо поубаво од будењето наутро со насмевка и желбата за нови успеси.

12. Штедете

На млади години ретко кој сфаќа колку штедењето е важно и потребно. Секако дека сакате да шетате и да трошите пари, но започнете така што ќе штедите помала сума и постојано зголемувајте ја. Она што е навистина важно, е да стекнете навика, потоа работите ќе бидат многу полесни.

13. Помагајте на другите

Со оглед на светот во кој живееме на секој чекор можете да сретнете некој кому му е потребна помош. Не е важно дали ќе донирате пари и средства, ќе се пријавите во некоја волонтерска организација или едноставно ќе и помогнете на старата бабичка да ја помине улицата, сето тоа ќе направи вие да се чувствувате подобро и посреќно.

14. Простете си себеси и на другите

Товарот на минатото со секој изминат ден ќе станува сè потежок доколку не решите да се ослободите од него. Никој не вели дека тоа е лесно и ќе се случи преку ноќ, но сфатете дека само на тој начин ќе оставите простор за сегашноста и иднината да ве направат посреќни.

15. Престанете да го трошите времето на негативни луѓе

Понекогаш навистина е тешко да се ослободите од негативните луѓе, посебно ако тоа се ваши колеги или членови на семејството. Но, секогаш вие сте тие кои ги избирате пријателите, па затоа опкружете се со луѓе кои ќе сакаат секогаш да бидете со насмевка на лицето.

16. „Не!“ е совршено целосна реченица

Да, навистина е тешко понекогаш да кажете „не“ но верувајте дека колку и да се трудите на крајот секогаш ќе има некој незадоволен од тоа што сте го направиле или не за него. Со годините сфатив дека едноставно можам да кажам „не“ без да се објаснувам некому зошто сум кажала така.

17. Размислете двапати пред да кажете „се согласувам“

Разведена сум. Тешко е да признаам, но дури сега знам што сакам и што ми треба од една врска. Тешко е да ги согледате нештата од вистинскиот агол кога сте преплавени од емоции. Држете се до она кое ви е важно и го сакате, а ако тоа не е нешто кое го добивате од партнерот, тогаш веројатно сте со погрешен човек.

18. Уживајте во малите нешта кои ви ги нуди животот

Со напредокот на технологијата речиси и да заборавивме колку е убав светот околу нас. Помислете кога последен пат уживавте во прекрасното виножито без да шетате наваму натаму за да направите добра фотка за на Инстаграм.

19. Престанете да се грижите што другите мислат за вас

Она што другите мислат за вас воопшто не е ваша работа, многу поважно е како вие се перципирате себеси. Клучот за среќен живот е да живете според сопствените правила и да ги правите работите кои вас ве прават среќни.

20. Прифатете ги промените

Кога бев помлада сакав работите секогаш да одат по предвиденото. Но, годините кои следа ми покажаа дека тоа е невозможно. Не бев подготвена за животните промени кои ми се случија, едноставно бидејќи тие не беа дел од моите предвидувања. Колку порано сфатите дека животот е непредвидлив и дека од секоја ситуација треба да го извлечете најдоброто што можете, толку поздраво и подобро ќе живеете.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg