Мудра приказна за тоа како треба да реагирате на зависта, злобата и навредите

Живеел некогаш стар и мудар самурај. Имал група ученици која внимателно ги следела неговите мудри зборови и ги учела воените вештини.

Mudra-prikazna-za-toa-kako-treba-da-reagirate-na-zavista-zlobata-i-navredite-001.jpg

Еден ден, за време на обуката, му пришол еден млад воин, познат по својата бруталност и суровост.

Неговата омилена тактика била провокацијата: ги навредувал противниците и на тој начин го губел трпението, го прифаќал предизвикот, но заради бесот една грешка водела кон друга, и на крајот, секако, излегувал како губитник од сите борби.

Така била и овојпат: воинот кажал неколку навреди и почнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот само мирно продолжил со предавањето.

Ова се повторило неколку пати. Кога самурајот никако не изреагирал ниту третиот пат, воинот налутено го напуштил предавањето.

Останатите ученици внимателно и со интерес ја гледале оваа ситуација. По заминувањето на воинот, еден не издржал и прашал:

- Учителу зошто ги толериравте неговите навреди и потсмевања? Требаше да го предизвикате на борба!

Мудриот самурај се насмевнал и смирено одговорил:

- Кога некој ви носи подарок, и вие не го прифаќате, каде ќе заврши подарокот?

- Кај неговиот сопственик – одговориле учениците.

- Истото важи и за зависта, омразата, навредите и злобата. Сè додека не ги прифаќате, тие ѝ припаѓаат на личноста која ги донела. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg