Тргнав кон земјата која требаше да биде подобра од мојата... Но, бргу се вратив

Ќе ме мразат знам, ќе ме мразат за секој збор кој ќе го кажам сега, но што е тоа поразлично од она што се случуваше претходно?

uspesnosta-na-eden-covek-ne-zavisi-od-lokacijata-na-geografskata-mapa-01

Секогаш ме мразеле, зошто некако само јас имав доблест или можеби храброст да ја кажам вистината, онаква каква што многумина не сакаа да ја слушнат, ниту пак да ја изговорат. Можеби и затоа не ме сакаа во своја близина.

Пред некој месец се пакував, радосен за новата авантура, подготвен да ја откријам земјата која ми беше во соништата уште од времето кога не знаев ниту да читам и пишувам. Земјата за која сметав дека ми е судена, големата земја преку атлантикот, онаа каде сѐ е како подмачкано. Но, убаво рекле младост-лудост, кој знае што ми било во паметот.

Се спакував и тргнав, во походот наречен остварување на моите соништа, кон земјата која според сите убедувања требаше да биде подобра од оваа мојата во која живеам.

Требаше...

Очекував различни лица и сретнав различни лица, но беа ладни.

Очекував нови пријатели, но никој од нив не живееше на начинот на кој што знаев да живеам јас.

Очекував да го уживам истото почитување како во родното огниште, но бев порамнет со непоканет гостин. Оној кој е секогаш виновен и оној кој секогаш мора да стои зад вратата, оној кој се чувствува непосакуван, оној на кој постојано му се споменува дека не е дома. Оној кој е странец.

Очекував да го живеам животот кој го оставив тука, но немаше таква топлина, не постоеше таа блискост, сретнав само ладни насмевки полни лицемерие. Немаше искрени чувства, само една здодевна рутина која одново и одново се повторува. Бев робот кој живее само еден ден од неделата. Зарем тоа е живот?

Ќе речат дека сум патетичен, но јас ќе речам сум искрен и многу сакам кога зборувам за работите од сопствено искуство, а не од статистики, претпоставки и верувања. Сакав она што е моја сопствена вистина да биде раскажано, онака вистински како што е доживеано, за светот да слушне една вистина, поинаква од бајковитото раскажување.

Многумина знаат да кажат дека имаш огромни суми на твојата сметка кога си таму. Имаш ќе речам јас, но не си среќен, барем јас не бев среќен. А што ти значат парите кога душата е празна?

Зарем се купува топлината на домашното огниште и прегратката од најблиските?

Зарем разговорите во доцните вечерни часови со најсаканите може да ги замени една расипана комуникација преку Вибер или Скајп каде пола од времето го губиш за да дознаеш дали другата страна може да те слушне јасно и гласно?

Зарем се купува слободата и пријателите кои ги оставаш зад себе, мислејќи дека таму ќе биде нешто поразлично, нешто подобро, бидејќи по сите правила поголемото е подобро?

Зарем се бега од минатото, ако заминеш?

Имав долго време да размислам додека сам талкав по непознатите улици на големите градови. Да ги одговорам прашањата кои ме мачат и да го сфатам животот и причината за неговата изопаченост.

Во ладните ноќи додека заспивав и се будев сосема сам сфатив дека локацијата на геграфската мапа не те прави голем човек. Таа не ги дефинира твоите соништа и земјите далеку од дома не ти гарантираат беспрекорна иднина и блескава кариера.

Таму нема да станеш подобар човек и да настане непрепознатлива метаморфоза. Таму нема да живееш во луксуз, бидејќи за да заработиш мора напорно да работиш, секаде, без исклучоци. За да ја достигнеш својата цел, за да бидеш среќен не е важна географската широчина ниту надморската висина, ниту пак земјата во која живееш. За да ти се наполни душата не се потребни еден куп нули после првата цифрата на банкарската сметка. За да создадеш историја не ти треба знамето на друга земја зад тебе.

Оној кој е голем тука, тој ќе биде голем секаде.

За да се чувствуваш убаво ти треба многу малку, единствено нешто што треба да знаеш е која е твојата цел и животот кој сакаш да го живееш. Да бидеш странец, со полна банкарска сметка и празна душа или припадник на средната класа, облеан со чувства кои те прават среќен.

Не знам за другите, но јас секогаш би го одбрал второто и би останал тука во родното огниште, бидејќи како што вели една реченица од еден култен филм, „Нема друго место како дома”.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg