Наместо невкусни коментари, подарете ѝ цвеќе на вистинската жена

Преку глава ми е да слушам глупави шеги за жени во менопауза.

Namesto-nevkusni-komentari-podarete-cvekje-na-vistinskata-zena-01.jpg

Кога мажот е во таа фаза, почнува да беснее како тинејџерче, купува автомобил или мотор што не може да си го дозволи, почнува да загледува млади жени и се идентификува како фраер.

Во принцип е патетичен.

Кога жената е во менопауза се доживува како бесна, невротична и опсесивно луда, а во принцип е реална.

Жените во Македонија се особено храбри. Бестрашни. И ја заслужуваат секоја пофалба и секое зрно почит. Па дадете им погача.

Познавам неверојатни жени. Работат полно работно време, ги разнесуваат децата на сите активности.

Одат на досадни родендени за љубовта на децата, а веројатно сè што сакаат е да се опуштат со масажа или добра чаша вино. Но сеедно, одат и се смешкаат, затоа што така налагаат правилата.

Ги паметат сите важни датуми, дежурни купувачи на подароци за целото семејство, вклучувајќи го и она на мажот.

„Не ми треба мене потсетник, си ја имам жена ми“, неодамна слушнав коментар од еден маж. Барем си призна човекот.

Ручекот е секогаш на маса, облеката е испрана, плочките изгланцани, сите се стокмени. Жената е машина во движење, таа е неуморна. Полна ентузијазам и енергија, додека телото ѝ се витка од умор, а очите ѝ плачат за сон.

Таа секогаш знае да се справи со настинки. Таа ќе ја крене целата болница во воздух за доброто на децата. Таа има време и нерви за проверка на домашната задача и бескрајно повторување на стихотворбата за утре.

И на сето нејзино залагање, целиот тој напор, луѓе се дрзнуваат и коментираат каква била во ПМС или во менопауза?

Сериозно луѓе, треба да ја бакнувате земјата по која одат вистинските жени.

Потенцирам вистинските, не оние налицкани суштества коишто не знаат на која планета живеат.

Онаа која е во костец со животот секој ден. Која се смее и кога е најтешко. Кога ве теши, дури и кога целиот свет околу вас се урива.

За таквата жена вреди да се бориш. Таа го заслужува твоето внимание, твојата почит, верност и љубов.

Жената која знае што сака. Која е неуморна. Која се грижи за сите.

Не си дозволуваш да коментираш за нејзините „жолти минути“.

Одиш и ѝ купуваш цвеќе, заблагодарувајќи му се секој ден на господ и судбината што ја имаш покрај себе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg