Бракот според професијата

Како го замислуваат бракот луѓе со различни професии? На интересен начин откријте што за некого значи бракот, што е веридба децата, куќниот пријател, бабата...

definicii-za-brak-spored-profesijata-001.jpg

И насмејте се!

Професори по македонски јазик:

БРАК е апстрактна именка, додека пак ВЕРИДБА е граматичка грешка во претходно составената реченица. ДА СЕ ОЖЕНИШ е глагол кој често одговара на прашањето КОГА, меѓутоа најчесто на прашањето КОЛКУ. ОЖЕНЕТ е придавка изведена од претходно споменатиот глагол. На сето ова ДЕЦАТА се императив, а КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ ти е лична заменка.

Професори  по математика:

ВЕРИДБА е парен  број кој често може да биде и непарен, БРАК е математичка операција множење, а ДЕЦАТА се резултат. Во веридбата ТОЈ вреди 2, ТАА вреди 1, а БАБАТА (Мајката на невестата) 0. Во бракот БАБАТА вреди 2, ТАА вреди 1, а ТОЈ 0.  КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ е непозната x, a БАБАТА е злоба на квадрат.

Правници:

ВЕРИДБА е парница, БРАК е изгубена парница, ДЕЦАТА се отежнувачка околност, а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е олеснителна околност, а ТАШТАТА е врвна инстанца.

Доктори:

ВЕРИДБА е лоша превентива, БРАК е последица на лош зафат, ДЕЦАТА се компликација, БАБАТА е тумор кој често е малигнен, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е погрешна дијагноза.

Инженери:

ВЕРИДБА е проект, БРАК е неуспешна конструкција, ДЕЦАТА се непланирани трошкови, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е извршувач на техички работи, а БАБАТА е корозија.

Економисти:

ВЕРИДБА е можен пласман, БРАК е договор, ДЕЦАТА се анекс договор, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е кооперант, а БАБАТА е данокот.

Mузичари:

ВЕРИДБА е дует, БРАК е дисхармонија, ДЕЦАТА се солисти на кои им треба придружба од цел оркестар, БАБАТА е диригент, а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ оној кој ќе издржи до крајот на концертот.

Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Некои луѓе се чудо - знаат сè за сите, кој се скарал, кој кого оставил, кого го расипале парите Некои луѓе се навистина неверојатни… Сѐ знаат – за сите. Знаат кој се скарал, ко...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg