Зошто никој не предупредува за небањатите луѓе на 45+ степени?

Почнаа стандардните предупредувања поврзани со високите летни температури. Не излегувајте без некоја поголема потреба. Облечете лесна памучна или ленена облека. Задолжително носете си шишенце со вода.

Zosto-nikoj-ne-predupreduva-za-nebanjatite-lugje-na-45-stepeni-01.jpg

Но, години наназад никој не го споменува она што го мислиме и зборуваме сите – внимавајте на личната хигиена!

Не знам дали има поголема казна од возењето во преполн градски автобус за време на летната сезона. Топлото ни удира во главата на сите и веројатно нé тера да се однесуваме малку налудничаво. Но, како да не се однесуваш налудничаво кога те удира неподнослива реа уште пред 8 часот наутро?

Немам објаснување за вас. Не е крајот на работниот ден па да ви најдеме оправдување, сте биле под стрес, сте работеле напорно, сте се испотиле, се случува, луѓе сме.

Кое оправдување да ви го најдеме во 7.30 наутро штотуку излезени од дома? Сапун и вода луѓе, не е конструкција на вселенски брод. Толку е едноставно и евтино. Од пуста мрза не може ни да внимавате малку на личната хигиена и барем возењето во автобус и лифт да си го олесниме.

Па уште и без усул се буткате во други луѓе. Ухххххххх, жешко бре! - пафкате со устата и на сите ни давате до знаење дека немате ниту навика за редовно миење заби. Па молчете.

Зарем не си го чувствувате сопствениот телесен мирис? Кога влегува некој убаво намирисан не си помислувате колку убаво мириса и зошто не мирисам така и јас? Немате никој дома кој ви обрнува внимание на овие работи?

Нема ништо срамно ниту страшно во тоа некој да ве предупреди, трагично е што вие сте безосетни. Ве гледале попреку и накриво во автобусот. Како да не ве гледаат кога немате грам почит кон останатите сопатници и колеги на работа кои мора да ве трпат?

Еве се прашувам, како сте имале време да нанесете слој пудра и кармин и маскара, а не сте имале време да се истуширате и да забележите дали мирисате чисто?

Што ви вреди таа фасада и 5 литри парфем со кои се обидувате да ја замаскирате сопствената нехигиена?

Пред некоја недела во автобусот жена си ги соблече сандалите. Си влезе, си се намести на седиштето и крајно ноншалантно си ги соблече обувките. Кога другите патници почнаа да коментираат и негодуваат, таа дрско објасни дека ја болеле нозете и ѝ биле потечени.

И без срам продолжи да се вози со боси нозе со нејзината станица.

Во кој свет живеете луѓе, многу сакам да знам. Такви дрски, невоспитани и некултурни луѓе не се среќаваат чинам никаде како кај нас.

И капаче на сé – шетате небањати. За вас очигледно не важи ниту она бањањето во недела на евтина струја, затоа што уште понеделнички го ширите својот неиздржлив лош мирис.

Трагично е што во ова модерно и напредно време уште разговараме за луѓе коишто не одржуваат редовно лична хигиена. Не ви вреди сета таа убава облека на вас, шминките со кои сте се налицкале, накитот и скапите часовници кога сте смрдливци во телото и душата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg