Една од најубавите љубовни приказни на сите времиња: Легендарните Џони Кеш и Џун Картер Кеш

„Постои безусловна љубов. Ја слушате таа фраза често, но е вистинска за мене и неа“, изјави во една пригода кантри музичарот Џони Кеш, кој почина само 4 месеци по загубата на својата сакана.

edna-od-najubavite-ljubovni-prikazni-na-site-vreminja-dzoni-kesh-i-dzun-karter-kesh-01

Една од најинспиративните љубовни приказни во светот на естрадата е романсата на кантри музичарите Џони Кеш и Џун Картер Кеш. Нивната 30-годишна врска беше врска помеѓу двајца, кои не беа само љубовници и сопружници, туку и професионални партнери кои заедно креираа и изведуваа музика за која чувствуваа страст.

Кеш и Картер се сретнале во 1956 година на кантри музичко шоу во Нешвил, Тенеси. Во тоа време, Кеш бил во брак со неговата прва сопруга Вивијан Либерто, со која имал три деца, додека Картер зад себе имала два брака и две деца. Без разлика на сè, привлечноста помеѓу нив била непобитна.

Сеќавајќи се на нивната прва средба, Кеш во една пригода изјави дека уште од почетокот знаел дека е судено да бидат заедно и дека бил толку восхитен од Џун што ѝ дозволил да му го украде срцето.

edna-od-najubavite-ljubovni-prikazni-na-site-vreminja-dzoni-kesh-i-dzun-karter-kesh-02

Искуството на Картер за првата средба со Џони додава уште драма:

„Ох Господе! Мислам дека се вљубувам во Џони Кеш и тоа е најболната работа низ која сум минала во животот. Тоа e како да сум во прстен од оган и никогаш не излегувам. Одам надолу, на дното од оваа работа. Ќе ме убие затоа што никогаш нема да имам храброст да му кажам, ниту сакам да му кажам, ниту сакам некој да знае дека ги имам овие чувства.“

Таа ги изрази своите чувствува во кантри песната „Ring of Fire“, која се најде на нејзиниот втор соло албум.

Во текот на годините состанување и работење заедно, Кеш многупати го поставил судбоносното прашање и таа конечно кажала „да“ 13 години откако ја започнале врската, во 1968. Џун го прифатила неговиот предлог за време на една изведба во живо во Лондон пред 7.000 фанови. Тие се земале во Кентаки истата година и во 1970 година го добиле нивното единствено дете, Џон Картер Кеш.

edna-od-najubavite-ljubovni-prikazni-na-site-vreminja-dzoni-kesh-i-dzun-karter-kesh-03

Добро е познато дека Џони страдал од сериозни проблеми со зависноста од дрога и алкохол, што влијаело на неговиот професионален и приватен живот. Џун му била одлична поддршка, се обидувала на секаков начин да го оттргне од амфетамини, дури ги земала и ги фрлала во шолјата.

Таа останала со него и за време на рехабилитацијата и годините на закрепнување. Ништо не било помоќно од љубовта што ја чувствувала за него. Кеш се чувствувал слично и во едно интервју изјавил:

„Постои безусловна љубов. Ја слушате таа фраза често, но е вистинска за мене и неа. Таа ме сака и покрај сė, и покрај мене самиот. Таа ми го спаси животот повеќе од еднаш. Таа има љубов за мене и тоа долго правеше да заборавам на болката, многу пати. Кога е темно и сите заминуваат дома и светлата се гасат, остануваме само јас и таа“.

edna-od-najubavite-ljubovni-prikazni-na-site-vreminja-dzoni-kesh-i-dzun-karter-kesh-04

Двојката работеше заедно, ги гледаше децата, креираше музика и имаше турнеи речиси 35 години, негувајќи ја својата љубов сė до 15 мај 2003 година, кога Џун Картер Кеш умре од проблеми со срцето. Четири месеци подоцна, нејзиниот сакан Џони почина исто така.

edna-od-najubavite-ljubovni-prikazni-na-site-vreminja-dzoni-kesh-i-dzun-karter-kesh-06

На последниот настап, брзо по нејзината смрт, тој не можеше да ја скрие болката, па и се обрати на публиката со овие зборови:

„Духот на Џун Картер е над мене вечерва со љубовта која таа ја имаше за мене и љубовта што јас ја имам за неа. Ние се поврзавме некаде помеѓу тука и рајот. Таа се симна на кратка посета, претпоставувам од рајот, да ме посети вечерва и да ми даде храброст и инспирација како што правеше секогаш.“

Инаку роденденската честитка на Џони Кеш упатена кон неговата сопруга е прогласена за најубавото љубовно писмо во историјата. Најубавите љубовни зборови се напишани во 1994-та година, за 65-от роденден на Џун Картер.

Писмото прочитајте го ТУКА!

edna-od-najubavite-ljubovni-prikazni-na-site-vreminja-dzoni-kesh-i-dzun-karter-kesh-05

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg