Приказни кои се доказ дека оценките во училиште не се пресудни за успех

Додека одевте во училиште, колку често слушавте дека мора да учите, дека треба да сте примерни и да имате високи оценки?

prikazni-koi-se-dokaz-deka-ocenkite-vo-uchilishte-ne-se-presudni-za-uspeh-01.jpg

„Во спротивно, нема да успеете во животот“ – велеа повозрасните.

Но, изгледа дека тоа не е воопшто точно, а доказ за тоа се овие приказни од луѓе кои не биле добри ученици, а успеале во животот, без разлика на оценките од детството.

„Никогаш не ми одеше добро на училиште, но сега работата ми е поврзана со клучни клиенти од Google. Најверојатно бев еден од најлошите 3 ученици во мојот класот и на крај морав да сменам училиште. На другите двајца сега исто така им оди добро, колку што знам тие се креативни и успешни момци. Најлошиот ученик од другиот клас со кој поминував најмногу време на училиште, сега е познат фудбалер.“

„Најлошиот ученик од мојот клас стана морнар на долги дестинации. Во последнава година, тој беше двапати во Јужна Америка, го пропатува пола свет и неодамна го доби првото дете. Запомнете, оценките не значат ништо.“

„Најслабиот ученик од мојот клас сега работи како неврохирург. Тој се однесуваше многу лошо и имаше слаби оценки. Додека стигнавме до крајот на училиштето, тој веќе ѝ помагаше на неговата мајка која работеше како уредник за едно списание. Откако завршивме, тој заврши факултет по медицина, дипломираше и сега е почитуван доктор.“

„Јас сум основач и сопственик на мојата компанија. Променив 7 училишта и секогаш добивав 2-ки и 3-ки. Никогаш не сакав да ги учам тие предмети кои ми беа здодевни, како хемија и физика. Потоа дури и не одев на некои часови. Сега, сите мои пријатели од детството имаат нормална и обична работа – менаџери, возачи, продавачи и ништо не им го попречува патот. Тоа важи за сите оние кои беа одлични ученици со 5-ки.“

„Мојот вујко беше ужасен ученик, посебно по хемија. Неговата наставничка не можела да го поднесе и предвидела дека неговиот живот ќе биде пропаднат и ќе брише подови за да преживее. Години подоцна, тој сфатил дека хемијата е всушност еден од најфасцинантните предмети, па отиде и заврши факултет по хемија. Неодамна го поканија да одржи презентација на една конференција. Додека зборувал, вујко ми забележал дека настанала некаква гужва во задните редови на публиката. Набрзо сфатил дека тоа е неговата стара наставничка која се онесвестила од шок кога го препознала.“

„Во мојот клас имаше 3 слаби ученици. Едниот основаше организација за добротворни цели и им помага на стотици луѓе. Другиот, работи како извршен уредник за големо списание. Третиот сум јас, вработен автор во огромен магазин и спортски колумнист.“

„Многу долги години во училиште добивав само 3-ки, а некогаш и 2-ки, а потоа ги паѓав и сите полагања. Поминаа 7 години. Вчера, вработив некој што учеше со мене и секогаш добиваше само 5-ки.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Носталгија по детство – игравме џамлии, правевме шатори, повикувавме духови и се натпреварувавме во ... Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите...
Морничави македонски селски приказни што ни ги раскажуваа бабите и дедовците Неодамна бев во семејната викендичка со моето семејство, па во приквечерните час...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg