Бидете луѓе, не им го газете достоинството на помалку среќните од вас

Ne-gazete-im-go-dostoinstvoto-na-pomalku-sreknite-od-vas-01.jpg

Таа го праша: Колку чини едно јајце?

Стариот човек одговори: 5 денари госпоѓо.

Таа му возврати: Ќе земам 6 јајца ако ми ги дадеш за 25 денари или нема да купам ниту едно.

Стариот продавач ѝ одговори: Земете ги за цената којашто ја кажавте. Направете ми сефте, секако не сум продал ништо денеска.

Жената ги зеде јајцата и зачекори со чувство на гордост како да победила. Се качи во својот скап автомобил и замина во луксузниот ресторан да руча заедно со своите пријателки. Порачаа половина од менито, затоа што можеа да си го дозволат тоа. Секако дека не изедоа ниту една третина од порачаното. Јадеа малку, а остатокот остана на дното од чиниите.

Сметката беше прилично висока. Таа ја плати целата и му остави дури великодушен бакшиш на сопственикот на ресторанот.

Оваа ситуација му изгледаше сосема нормално на сопственикот, за разлика од претходната која беше прилично непријатна и разорувачка за стариот продавач на јајца.

Поентата е – зошто секогаш ни се јавува тоа чувство на надмоќ кога купуваме од оние на кои парите им се најмногу потребни? А зошто пак сме великодушни со оние кои немаат потреба од нашата великодушност?

Секогаш кога мало парталаво детенце, човек или жена ви приоѓаат и се обидуваат да ви продадат нешто ситно, веројатно го вртите погледот настрана.

Сетете се на приказната за богатиот човек кој ги купувал овие ситници по цена многу повисока од онаа која ја барале продавачите. Не е дека тие му биле неопходни, напротив, воопшто не му биле потребни.

Кога синот го запрашал зошто го прави тоа, таткото му одговорил: Тоа е милост сине, завиткано во достоинство.

Во првата приказна жената ја покажува својата моќ над помалку успешните и понесреќните од неа. Се насладува на својот успех, се гордее како успеала да заштеди на грбот на стариот немоќен продавач кому му е потребен секој денар.

Ние сме она што го правиме додека другите не нè гледаат.

Човекот во втората приказна ја разбира несреќата на оние кои одвај успеваат да се прехранат. Тој сепак не сака да им остави пари туку-така, иако може да го стори тоа.

Не сака да ги повреди нивните чувства. Не сака да се почувствуваат бескорисно, како некој добротворен случај. Тие сепак се обидуваат да заработат, а тоа е за поздрав и пофалба.

Потребно им е само малку, толку малку помош и љубезност, наместо да им го газите и она малку достоинство кое мислат дека им останало.

Првата приказна носи горчина и разочарување, втората нè инспирира, будејќи ни надеж дека сè уште има добри и човечни луѓе на светот.

Какви луѓе сте вие?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg