Во животот ништо нема да научиш од оние кои многу зборуваат

Во животот ништо нема да научиш од оние кои многу зборуваат, од оние покрај чие име стојат сите титули кои ги стекнале и целата едукација која ја поминале.

vo-zivotot-nisto-nema-da-naucis-od-onie-koi-mnogu-zboruvaat-001.jpg

Ништо нема да научиш од оние кои ти ветуваат дека ќе те извадат од сите твои проблеми, како и од оние кои имаат решение за секој твој проблем.

Има такви кои се нарекуваат спасители, гуруа, советници, тренери, но по средбата со нив повторно го немаш мирот кој ти го ветуваа. Можеби чувствуваш некое моментално задоволство, но по некое време и тоа брзо се губи.

Во животот ништо нема да научиш од оние кои многу зборуваат, кои се силни на зборови и кои со нив толку одлично се служат, што после сè дури не ни знаеш што ти кажале, ниту како ти помогнале.

Повеќе ќе научиш од луѓето чии зборови се совпаѓаат со нивните дела, луѓето чија единствена титула е титулата човек, бидејќи не секогаш ти треба фасцинантна теорија, нема помош од некои длабоко промислени психолошки сoвети. Некогаш ти треба само близината на личноста и фактот дека таа те разбира.

Ништо во животот нема да научиш од оние кои многу зборуваат, бидејќи не секогаш ти требаат мотивациони пораки, бидејќи луѓето кои ги даваат не живеат многу поразлично од тебе. Како тие би се однесувале ако се најдат во твојата ситуација ако да останат без потпората која ја имаат?

Ти треба некој кој ќе биде со тебе во моментите кога е најтешко, некој кој нема да глуми преголеми изливи на нежност, туку за тебе ќе има еден искрен збор, без многу патетика.

Ти треба некој кој те сака таков каков што си, некој кој ќе се спушти на дното за да биде со тебе, некој кој не е замислен дека е важен и незаменлив во твојот живот.

Бидејќи, со тек на време човек се изморува од сè, се изморува од луѓе и нелуѓе, се изморува од давање во кое ништо не примил назад, ниту емоција, ниту убав збор, ниту охрабрување.

Кога ќе најдеш таква личност, ќе можеш со мир да го почнеш новиот ден, бидејќи ќе имаш рамо на кое ќе се потпреш и исплачеш за сè она што те мачи. Повеќе од тоа не можеш да добиеш.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава