„Еден ден“ или „Денес е денот“ - изборот е твој!

Ние луѓето сме чудна мешавина на разум, потребни функционални делови и емоции. Најдобар робот, ако треба да зборувам по струка.

nekoj-den-ili-den-broj-eden-izborot-e-tvoj-01.jpeg

Иако најдобри, ние - луѓето бевме генератори на најчудни барања, најчесто виновници за сè она што ни се случува, иако често пати вината ја баравме во некој друг.

Сакавме да ни се падне на лото, иако никогаш не игравме, сакавме углед без притоа да работиме на самите нас, за некако да го стекнеме. Сакавме директорски позиции без образование, сакавме успех без трошка пот. Сакавме да не мрднеме со прст,а притоа сè што некогаш сме сонувале, магично да дојде во наши раце.

Иронично нели?

Често пати дали во автобус, дали на работа или на некој собир ќе слушнев, „Еx, еден поголем ден, ќе биде и тоа, само ако даде Бог“, каде што луѓето воздивнуваа од тежина за неостварената цел, оставајќи поголем дел од работата на Бога, а помал дел на себеси. Така беше најлесно, за кога ќе тргнат работите на лошо, да кажат дека тој е неправеден.

Во главата ми прелетуваа мисли на последното кафе каде што зборував со мојот помал брат и неговите аспирации за студии во странство, беше тоа една жестока дебата, каде како и обично бевме на граница да си ги извадиме очите.

 „Кога ќе почнеш да учиш за приемниот испит” му велам, знаејќи колку ќе му биде потребно. Тој молчи не возвраќа.

„Што да ти кажам, ако речам некој ден - ќе се налутиш и ќе ме наречеш неодговорен и несериозен. Добро те познавам.” Рече тој со наведната глава.

„Нема што јас да ти се налутам. Сме разговарале многу пати, знаеш дека големите сни, доаѓаат со огромна одговорност и натпросечните работи бараат напорен труд. Залажувањето дека утре ќе биде нешто, наредниот ден ќе ти ја донесе истата помисла и така до недоглед. Без никаков успех.

Зошто наместо некој ден не речеш, нека биде ова ден број еден, да купиме материјали, да те запишеме на потребните курсеви, да изготвиме портфолио. Малите чекори сега, ќе ти бидат значајни кога ќе започнеш да трчаш, ме разбираш?

Јас не ти го кажувам ова за да ти солам памет. Тука сме многу кратко на ова парче земја, заборави на тој ден во иднината, кој можеби нема никогаш да постои ако пролонгираш, донеси го овде во сегашноста и направи го најдоброто за себе. Не само за факултетот кој сакаш да го учиш, туку за сè останато во животот”.

Тој кимнува со главата, не вели ни збор. Јас сум упорен со мојата верба дека секој има потенцијал да оствари сè само ако својата мрзеливост, непотегливост и несериозност ја замени со напорна работа и движење кон сопствените цели кои што можат да го променат текот на животот.

Нема утре, нашето време е сега и тука, нека овој ден биде почеток на сите неостварени планови. Зошто само да сонуваме кога можеме да го живееме тој сон. Она што не дели од неостварена желба до остварен успех сме ние самите заедно со нашата посветеност. Ние избираме, затоа треба тоа мудро да го направиме тоа, за да не стигнеме до критична точка на себеобвинување за нашите (не)направени избори.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg