Сите кои ги сакате ќе умрат: 8 сурови вистини кои треба да ги знаете за животот

Животот, таа прекрасна и истовремено мачна, нерешлива мистерија која ја поминува секој од нас.

8-surovi-vistini-koi-treba-da-gi-znaete-za-zivotot-01.jpg

Која е смислата, која е поентата? Во што се состои тајната на среќниот, исполнет и успешен живот?

Можеби најдобро би било да ги осознаете (доколку веќе не сте ги знаеле) овие 8 сурови, но реални вистини за полесно да се снајдете со предизвикот наречен живот:

Сите коишто ги сакате ќе умрат еден ден.

Можеби пред вас, можеби после вас, но сите коишто ги знаеме и сакаме ќе го напуштат овој свет, вклучувајќи нè и нас самите.

Ние му даваме смисла на животот. Доколку мислите дека тој нема никаква смисла, тоа е ваша вина.

Сите сме сопствени креатори на сопствената (не)среќа. Доколку не сте пронашле ништо што му дава смисла на вашиот живот, многу веројатно е дека не се ни трудите.

Не постои совршен партнер. Концентрирајте се на некого кој има многу добри квалитети кои ги цените, некој со кого делите слични вредности и изградете одлична врска.

Страста е минлива, романтичната љубов може да избледи. Но, оној кому му верувате, оној кој ве цени, ви е лојален, искрен и ве поддржува и смее е вистинскиот избор за среќна и успешна врска.

Животот е ИГРА. Пронајдете ги оние игри кои сакате да ги играте, научете ги правилата и најдете начин да бидете успешни во игрите коишто сте ги одбрале.

Во превод – не губете си го времето на погрешни игри (интереси, хобија, професии). Најдете нешто во коешто сте добри и дадете сè од себе да станете најдобри. Не просечни, туку најдобри.

Сè има крај.

Младоста, љубовта, животот, сè завршува и има свој крај. Тоа е она што ги прави вредни.

Бидете романтични за малите нешта во животот.

Обична прошетка на убаво време. Послужувањето на првото утринско кафе. Гушкањето навечер во истиот кревет пред заспивање. Романтиката не секогаш подразбира големи гестови, скапи подароци или букети со 101 роза.

Бидете реални во врска со битните работи.

Животот не е филм, ниту роман. Потребно е да имате план, амбиција на уметник и ум на инженер за да ја остварите целта.

Пронајдете начин да успеете или не жалете се во спротивно.

Дадете сè од себе да успеете во играта наречена живот. Во спротивно, тој ќе ви помине во плачки и жалби. А никој не ги сака таквите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава