Егоцентрична пријателке, каде ти се моралните правила што ги рецитираше?

Не е ова некој мој водич со кој ќе ти се олесни животот, но можам со сигурност да кажам, луѓето обожаваа да си ги копаат очите, а притоа да изгледаат невино. 

pazi se od moralni kucki 01

Знаете како да им беше тоа скришно хоби, тајна мисија која ја извршуваа под маска без да знаат другите, а притоа на себе носеа најмилосрдна насмевка и ангелско лице. Лажни, како евтина кутија во скапа украсна хартија.

Неа ја запознав сосем случајно. Како две жени кои се разбираат веднаш се зближивме. Знаев како дише, што јаде, што сака, што мрази, дури почнав да ги употребувам нејзините зборови во моето секојдневие. Мислев дека не можев да најдам подобра другарка. Нејзината појава беше благотворна и те тераше да се запрашаш дали постои посовршено суштество, подобронамерно, понасмеано. Можев слободно да кажам дека да бев од спротивниот пол, ќе дадев сè за да биде моја.

Додека јас ги создавав идеалите за една жена и си креирав илузии во сопствената глава дека кон неа треба да се стремат сите жени, заборавив колку луѓето знаат да бидат расипани. Она здраво расипани, како мувлосана тегла ајвар.

Сите разговори кои ги правевме на масата со нашите безброј утрински кафиња, сите ставови кои ги зазеде, сите мисли кои ми ги пренесе. Цела вистина за нејзиниот свет беше лага која се расцвета пред моите очи. Маските паѓаат порано или подоцна, образот останува извалкан засекогаш.

Ја видов во прегратка на мојот дечко, усни на усни како да ќе нема утре. Не ја окривував неа за тоа, таа само беше уште една глупачка во низата која тој ја искористи, секако копилето беше виновно за неговите испади и невоздржувања, за она што не знаеше да ме цени мене како партнерка. Тој толку вреди, но за неа имав повисоко мислење.

Она што ме повреди беше тоа што таа секогаш продаваше демагогии дека никогаш не би одела со некој кој е во врска, таа никогаш не би се загледала во момче на другарка, таа секогаш ги следеше моралните норми и правила, таа секогаш одеше по патека која ги воспеваше Божјите заповеди, таа сакаше да биде совршена во очите на другите. Но таа лажеше. Нели беше тоа тажно?

Беше само морална кучка желна за внимание, растргната помеѓу своето „која сум јас” и „сите други сте помалку важни”. Умислена во својот свет на лајкови и машки додворувачи, а всушност празна, како испушена кутија цигари после долго вечерно излегување.

Мислев дека пронајдов вистинска пријателка, човек пред сè, на кого можам да се потпрам, да ми помогне, да си помогнеме. Мислев дека најдов човек, искрено човечко сушстество кое не е лицемерно, за разлика од половина свет околу. Мислев дека ме сфати и  ја сфатив, а таа ме продаде за каприц.

Не го велам ова бидејќи ми е криво што работите испаднаа како што испаднаа, барем имав добра причина да го оставам лудакот, а богами и неа ниту еднаш повеќе да не и кажам здраво. Го кажувам ова како предупредување за таквите како неа. Оние кои глумат безгрешни, оние кои сакаат да бидат луѓе кои не газат на мравка, а всушност душата им е скапана од внатре. Оние кои сакаат да бидат центарот играјќи игра под маска, оние на кои јас им поверував а не требаше.

Се прашував кога ќе научиме да бидеме луѓе. Да не потценуваме, да не омаловажуваме, да не нанесуваме зло и да не посакуваме несреќа на секој еден добронамерник на нашиот пат. Не плачев, немаше потреба од солзи, ја завртев главата и заминав, тој остана како идиот кој не ме заслужува, а таа како безвредна неморална личност, која никогаш не требаше ни да влезе во мојот живот. Но од грешките се учи, барем така велат!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
„Мислев дека ќе се омажам за принц на бел коњ, не очекував дека среќата ќе ја најдам кога најмалку с... Го очекував долго време. Знаев дека некаде постои некоја таква душа скроена за м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg