Џабе свекрва ти ја викаш мамо, кога сакаш очите да ѝ ги ископаш

Во Македонија луѓето уште живо се потресуваат ако свекрва ти не ја викаш „мамо“.

Dzabe-svekrva-ti-ja-vikas-mamo-01.jpg

Оваа традиција е толку застарена и одвишна, што не вреди ни муабет да се прави за тоа. Но, некои луѓе уживаат да ја изнесуваат темата на маса и од неа да прават скандал.

Види ја оваа, каква снаа е, не ја вика свекрвата „мама“.

Секако дека не ја викам мама. Јас имам мајка, една е, највредна ми е, и таа и само таа го заслужува епитетот.

Фала му на бога имам и нормална свекрва која, исто така, има многу попаметни работи во животот, отколку да губи време и енергија околу прашањето како ќе ја нарекуваат снаите.

Впрочем, не само што не сакаше да ја викаме „мама“, туку и изрично го забрани тоа.

Бидејќи – не ни е мајка. Толку е просто е едноставно. Таа веќе е нечија мајка, мајка на нашите сопрузи. Која е поентата снаите да ја викаат така?

Многу ми е интересно кога свекрвите на денешницата инсистираат снаите да ги нарекуваат со статус на родител, кога и тие самите го мразеле моментот од минатото кога биле принудени на тоа.

Мислите дека уживале во тоа? Зошто сега инсистираат на истото? Карма, ќе се врати во некаква форма. Македонска работа, без поента, ама мора да се прави.

А зошто? – Ете така. Тоа е аргументот. Така било, така останало.

За почеток, ниту една девојка/жена не сака да ја вика свекрвата „мама“. Ви потпишувам со обете раце дека е така. И секоја која го изговара тој збор со цел да ја повика свекрвата ѝ стои грутка во грлото. Потоа преоѓа во навика, се кажува скоро механички, а има и моменти кога целосно почнуваш да го мразиш зборот бидејќи губи од значење.

А сум сретнала и многу жени кои те убедуваат колку е важно свекрвата да се нарекува мајка. Колку многу значело, колку многу почитување искажувала постапката.

А ваму сака очите да ѝ ги ископа. Не ја вади од устата проследена со најсочни псовки и клетви. Ѝ посакува сè најлошо, не може да ја поднесе, ама важно е да ја вика „мама“.

Од почит. Која почит бре златни?

Почит и внимание се искажува на други начини. Првенствено е важна љубовта и грижата кон сопругот и децата. Поголема почит нема за свекрвата, некој да се грижи и да го сака нејзиниот син со целото срце.

Некоја која ќе гради дом, наместо да го растура. Некоја која ќе го држи семејството и тогаш кога е најтешко. Некоја која ќе го знае вистинското значење на зборот почит и истата нема да ја искажува со подарочиња само за 8 март и лажни лицемерни зборови.

Почитта и вниманието најмалку се искажуваат со зборот „мајка“, постојат толку многу попаметни начини за да се докажат.

А сите кои се држите слепо за традицијата, верувајте дека ја срамите истата.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg