Како можевме да бидеме толку за никаде?

Преку глава ми е од искомплексирани суштества кои немаат попаметна работа освен да си го пикаат носот во туѓи работи. 

kako mozevme da bideme tolku za nikade 01

Интернет експерти спремни да се вклопат во која било дискусија со цел да го покажат своето „сељачко битие“, истурајќи низа отровни зборови. Заробеници на модерниот свет, затворени во својот меур на совршеноста. Вечни осудувачи без правна диплома.

Како еволуцијата да запре или уште полошо како да има обратен ефект и да се враќаме кон примитивното. Луѓето стануваат селфи зависници, креирајќи лажен живот само за да може другите да видат како тие го живеат животот кој не им припаѓа. Модните брендови станаа реченици за препукување кога комшиките ќе седнеа да пијат кафе, што е жалосно дури и првооделенци се вмешани во таа игра.

Одморите, причина за кавга, кој колку потрошил, каде било поскапо, и кој повеќе се испофраерил, заборавајќи дека одморот всушност се вика одмор за да се одмориш, а не да се заморуваш со што ќе се пофалиш кога ќе се вратиш. Истото се случуваше и со автомобилите, мебелот во куќата, средениот двор, фустаните и костимите за матура, дури и препукување кој дава поголем џепарлак на децата.

Ако случајно излезеш со некое девојче или момче, информацијата ќе биде раширена за неколку секунди и твоите дома ќе го имаат неговиот/нејзиниот матичен број, ќе те оженат и ќе прашаат кога деца, притоа раскажувајќи факти за нивниот живот што дури и ти не ги знаеш. Ако те интересираше глума и танц, а си момче веднаш ќе ти кажеа дека си хомосексуалец, а ако те интересираат боречки вештини како девојче, тогаш сигурно ќе ти налепеа етикета лезбијка. Сè требаше да биде по правилата на општеството, а што ако не сакавме да ги следиме?  

Дали воопшто светот ја ценеше искреноста и добронамерноста или сè се сведуваше на взаемна корист?

Дали постоеше искрена конекција помеѓу луѓето или тоа беше взаемно цицање на крвта на другиот, се додека има?

Се поретко можеше да се добие искрено мислење и секогаш се фрлаше сомнеж во намерите на другиот, без разлика колку тие беа добронамерни. Мажите не им веруваа на жените, жените уште помалку на мажите. Ја изгубивме смислата на љубовта, шетајќи се заљубено со своите швалери под рака, само затоа што тоа е модерно.

Сексот за една ноќ стана тренд, кој го пумпаше егото. Малолетни девојчиња пуштаа слики од своите голи гради по своите дечковци на 13 години, кои подоцна ќе завршеа на интернет, откако тие ќе раскинеа. Деца на разведени родители бараа спас во пушењето трева и пијанчењето до раните утрински часови. Малолетници повраќаа по улици, без да има кој да им ја држи главата. Како можевме да бидеме толку за никаде?

На сето тоа комшискиот сет на поставени камери фаќаше сеир и го раскажуваше како срам на фамилијата, без притоа да се запраша дека истиот срам може да ги снајде и нив. Ние сме злобни озборувачи, без притоа да помогнеме или да направиме промена. Дали е можно таква да ни беше кармата?

Станавме проклети, колку и да болеше тоа да го кажам, проклети до сржта. Не знам што ни помага или што не оправа, но знам дека уште многу долго ќе си тераме вака, злобни и зависни, со мисла - „На комшијата извади му ги очите, ако ти е брат - копај подлабоко”.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg