Ми кажа „да ми се чуваш убавице“ кога го оставав и само сакам среќен да е - Да, зборувам за бившиот

Со една другарка во кафето ставивме по некое зрно од минатото и добро промешавме, па какви сè не спомени излегоа на површината.

mi kaza da mi se chuvash ubavica koga go ostavav i samo sakam srekjen da e da zboruvam za bivshiot-01.jpg

И таа почна со дрвја и камења да фрла по едно нејзино поранешно момче, додека мене убаво ми дојде на душичката кога си се потсетив на мојот (најзначаен) поранешен. Ниту еден лош збор немам за него, човек каков што не се раѓа повеќе, срце какво што друго да љуби не знае, човек што да те направи среќна му е мисија.

Секогаш ми велеше „Да ми се чуваш“ и тоа ми беа најубавите зборови што некој некогаш ми ги кажал. Уште не можам да поверувам колку голем човек беше. Кога му кажав дека нашето не може да продолжи понатаму, тој со солзи во очите ми порача „Во ред, убава моја, само те молам да ми се чуваш“.

И како да не плачеш? Тука ги истурив солзите, плачев како ретко кога во животот и срцето ме жегаше од болка. Но, мораше да ставиме крај, тоа беше поголемо од нас и ако тогаш не прекиневме ќе нè јадеше до крајот на животот. И неважна е причината, сега успеавме да преболиме и двајцата и да продолжиме понатаму.

И жал ми е што повеќе не е дел од мојот живот, зошто јас искрено не верувам во пријателство по љубов, но не ми е жал што сум го имала во животот. Сигурно сум направила нешто добро штом Господ ме награди со човек како него, барем накусо. Нашите емоции беа толку интензивни. Тој не беше од луѓето што се плашат да го отворат срцето. Даваше сè, даваше до последниот атом енергија.

Со него секој ден го славев животот, знаеше како да направи да чувствувате дека мигот трае вечно и дека ништо друго не  е поважно отколку тоа да бидеме среќни во моментот. И со него можев да се замислам секаде. Ниту една животна бура не ме плашеше.

Знаев дека е доволно силен да поднесе, знаев дека животот да е во прашање пред мене ќе застане со раменици широки небаре карпа и ќе се бори со титани, ќе се бори со секој само „неговата сакана“ да е безбедна.

И повеќе девојки кога ќе споменат поранешно момче како некоја темнина им минува во погледот, но мене не. Штом се сетам на него блага насмевка ми се исцртува на лицето. Само среќен нека е го молам Бога.

Вистинска, чиста среќа му посакувам, љубов да најде, сè што ќе посака да му се исполни. Знам дека јас не му се исполнив за дo крајот на животот, но знам дека ќе ми прости и ќе ме разбере. Едноставно некои работи се судени да бидат така и против судбината не можеме да се бориме.

Но, јас ќе го паметам како мажот со најубавата душа, како некој што да ме разочара не знаеше, како некој што веруваше во мене како никој никогаш дотогаш и како некој што е дел од тоа што сум денес како личност. Како мажот кој не заслужува да биде заборавен и мажот кому му давам ветување дека нема да биде заборавен.

Само.... Те молам чувај ми се!

Другаркава ме слуша запрепастена – како можеш толку убаво да зборуваш за некој поранешен? Јас смирено ѝ велам јас го сакам мојот живот, го сакам секој дел од него, а тој дефинитивно беше еден убав, голем дел. Зошто би фрлала камења по нешто што искрено сум го сакала?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg