Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мириса на скап парфем, а плука мастика среде тротоар - Не, не си ти госпоѓа!

Префинета, елегантна чекори самоуверено на високите потпетици - вистинска магија за очи, сè до моментот кога гнилото излезе од неа.

mirisa-na-skap-parfem-a-pluka-mastika-srede-trotoar-ne-ne-si-ti-gospogja-01.jpg

Ја гледам чекори пред мене на високи потпетици, целата елегантна и префинета. Зад неа во воздухот останува да лебди прекрасниот парфем. Вложила енергија во себе, во својот изглед. Изгледа прекрасно. Вистинска госпоѓа си помислувам. Секоја чест.

Навистина ми се допаѓаат луѓе кои се посветени на себе. Луѓе кои сакаат да се истакнат.

И додека пред себе ја гледам госпоѓата од најдобар ков, која верувам дека може да се пофали со добра себереализација во животот, ете ја неа, со еден потег ми го сруши целиот впечаток за неа.

Како што си одеше, си извади од чантата и си отвори ново пакетче мастики. Обвивката од нив (знаете оној горниот дел) си ја фрли на земја, си ја плукна старата мастика од устата на тротоарот и си лапна нова.

Наједноставно, нејзина испраксирана процедура. Алоооо госпоѓооо! Не, не, веќе нема да ја нарекувам така. Не заслужува.

Како ова однесување може да биде нормално за кого било, а особено за префинета жена како тебе? Односно не си префинета, само добро си се „спакувала“ и на околината ѝ даваш илузија дека си таква.

Всушност, ти си од оние најнекултурните луѓе. Немаш основни манири.

Сега, јас и чичкото зад мене може да згазнеме на твојот отпад. Сега некој вработен од одделот за комунална хигиена во нашиот град треба да го искористи својот работен ден за да го собере ѓубрето што ти го фрли среде тротоарот, наместо да го искористи денот за да насади цвеќе и да го разубави нашиот град. Да, нашиот! Мојот и твојот и на сите што секој ден го дишеме неговиот воздух и ги газиме неговите улици.

Сфати дека тоа ни е дом и мене и тебе и дека мора заедно да работиме на тоа да го направиме најдобар што може. Можеби си исфрустрирана што не си се родила во Лондон, зошто нели само лондонските улици се достојни за твоите чекори, но кога веќе си сега и тука, помири се и направи сè што е во твоја моќ за ова да ни биде поубаво место за живеење.

Замисли дедото што се движи пред тебе да плукне среде улица, а ти со твоите нови високи потпетици да згазнеш на тоа? Уф, непријатно, ужасно, зарем не? Па, и јас утрово се чувствував ужасно кога се трудев да не ја згазнам твојата мастика.

Колку што си дотерана, толку си празна. Ниту основна култура, ниту манири. Залудно ти е тој скап парфем, кога гнилото однатре излегува на површина.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лошите луѓе на секого ќе му најдат мана Сите ние самите имаме способност да одлучиме како ќе се чувствуваме секој ден, н...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Илариа Кирилов за CRNOBELO лексикон: „Среќна сум што си купив автомобил од парите што сама ги зарабо... „Идол ми е мојата мајка. Иако некогаш бев своеглава сега можам да ѝ симнам шапка...
„Елката што ја украсуваме секоја година е многу стара, но за мене е посебна“ „Оваа елка е стара и има видено многу работи и многу ја сакам. Не би ја заменила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg