Докторе, за мене една анестезија за чувства!

Веќе не знам дали сум дел од толпата луѓе или стојам сам, ги знам сите зборови, а сепак молчам. Се чувствувам како сите да го впериле погледот во мене, станав главна тема на разговор, како досега да не сфатија дека јас само се обидувам да го пронајдам својот пат. Што има лошо во тоа да го правиш она во што веруваш?

doktore za mene edna anestezija za cuvstva 01

Можеби моето срце никогаш нема да научи дека нема потреба да се наоѓаат зборови за луѓе коишто не сакаат ништо да разберат, особено ако истите те третираат како шега. Не знам до кога ќе им треба за да сфатат дека не сум кловн, тие секогаш се спремни за моето шоу. Во овој свет на лицемерие и таа улога не изгледаше така лоша.

Посакувам да не ги направев сите грешки, ја заслужувам вистината, но луѓето лажат, не знам зошто сум изненаден. Но како рекле, ако не почувствуваш лузна на своја кожа, како ќе знаеш колку боли жигот на железото кое стоело долго време во жарта?

Понекогаш си мислам дека без разлика колку се заложувам себеси, добивам едно големо ништо. Имав само едно огромно зошто, но не и затоа кое следи по него.

Седев на столот кај стоматологот, тој ги спремаше потребните алати за операција, а јас чекав нервозно да ја инјектира анестезијата. Чувствував страв и срцето ми чукаше забрзано. Младите стоматолози знаеа да кажат дека ние кои сме имале искуство со стоматолози од времето на Југославија ќе имаме траума за цел живот. Така и беше, мојот навистина се погрижи никогаш да не можам да ја заборавам таа траума. Секогаш кога седнував на столот, нозете сами ми се враќаа.

После неколку минути ми се здрви целото лице, тотална анестезија. Не чувствував ништо, колку и да тегнеше, колку и да сечеше или што и да правеше јас не почувствував ништо. Како сè да исчезна во тие неколку минути. Си помислив, постои ли анестезија за чувства?

Кога ќе се вљубиш во идиот кој не те цени, да можеш за момент да гледаш со неутрални очи за да ја видиш целосната слика, кога ќе раскинеш со бившата да си ја зариеш анестезијата во ногата за да престане тоа чувство на измачување и жалење кон некој што не заслужува ни две минути од твоето време. Кога ќе те изнервира шефот, да си го разубавиш денот така што ќе ја скратиш нервозата од неговите вулгарни, навредливи зборови кои не треба да те засегаат.

Постоеше ли начин да си ја вбризгам секогаш кога ќе почувствував страв, паника, секогаш кога ќе помислев дека не сум доволно добар, кога ќе се појавеше мал знак на сомнеж. Можев ли да си ја забијам во срцето за да престанам да бидам романтичната будала која ќе направи сè за личноста која е спремна да направи ништо.

Можеше ли да се измисли за да се спречат сите солзи, да се запрат сите лоши денови. Да се здрви душата, крвта во телото, да се запрат мислите и за момент да не чувствуваш апсолутно ништо. Да не те боли, да знаеш дека се случува, ама да не те допира воопшто. Да бидеш сведок, кој никогаш нема да биде повреден, да ги запреш сите тие работи кои те тераат да потклекнеш на секојдневието.

Додека се задлабочував во моите мисли, операцијата заврши. Докторот ми рече да се исправам, а јас во неразумна состојба прашав дали може да земам анестезија за дома. Ме погледна чудно и почна да се смее, „За што ќе ти биде да не планираш да го запреш влијанието на универзумот?” Не можев да се насмевнам, имав оток колку главата, само намигнав со окото и си помислив, таа идеја и не звучи толку лошо!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg