Не постои магионичар кој ќе коригира сè - Трчаме по стрелките на часовникот за да стигнеме да го живееме животот

Животот знае да биде с**ње. Верувам многумина ќе се согласат, а многумина ќе кажат дека одново се жалам без причина. 

ne-postoi-magionichar-koj-kje-korigira-se-trchame-po-strelkite-na-chasovnikot-za-da-stigneme-da-go-zhiveeme-zhivotot-01.jpg

Но, тоа беше суровата вистина, животот беше баш таков, за некои помалку, за некои повеќе или како што знаеше народот да каже, секој со својата. Играше ли среќата улога во сето тоа?

Имав чувство како секојдневно да се убиваме од работа, обидувајќи се да ги живееме нашите, така наречени сни. Вистината беше дека ретко кој ги живееше, а често луѓето остануваа скршени, кога поради некоја причина немаше да ги остварат.

Депресијата ни стана заменка која беше неизоставен дел од нашето постоење. Луѓето си одземаа животи, без да кажат збогум. Светот стануваше едно сиво место без трошка љубов и разбирање и му немаше помош.

Никој не можеше да ни помогне, но ете, тука бевме. Заглавени помеѓу она што е исправно и она што не е.

Пред скоро се иселив од дома, на сосема ново место. Деца, што и да мислите во главата знајте дека светот на возрасните е едно многу комплексно и расипано место кое брзо ќе проба да ве изеде, не брзајте да пораснете.

Уживајте во својата безгрижност се додека можете, не ги форсирајте годините, ќе дојдат. Лесно е додека мама меси, а тато носи. Добро запамтете ги овие зборови.

Бев сосема сам, без ниту да го познавам јазикот кој тука го зборуваат. Храброст или лудост, не знаев на што можам сето тоа да го препишам. Но ми требаше тоа. Да ги истестирам границите на својата способност да се снајдам. Да бидам затворен во сопствената глава, за да ги откријам сопствените рабови пред бездната.

Тука имаат една изрека, велат дека сите почетоци се тешки. Можеби е најреалната, а можеби од друга страна најутешителната, онаа која дава трошка надеж дека мора така да биде.

Дали почетокот беше тежок или имаше иста тежина како и остатокот од патувањето, само се навикнувавме и потоа се одеше полесно?

Сега во главата ми одекнуваат зборовите на моите родители, кога бевме мали често со брат ми знаевме да им досадуваме за да нè однесат во град, како би уживале во погледот на езерото и во количките на кои често се возевме.

Тие често ќе кажеа уморни сме. Тогаш не разбирав што ги уморува, имаа една задача, да одат на работа и да се вратат. Барем така изгледаше. Што можеше да има тешко таму?

Исто и со парите за излегување, зошто мораше секогаш да се караме околу сумата. Никогаш не разбравме и често знаевме да се караме, без притоа да сакаме да попуштиме.

Сега седам на бирото, размислувам за она што треба да го купам од продавницата, за сметките кои треба да ги платам. За сите калкулации кои треба да ги вклучам во мојот буџет.

Сега сфаќам што е она што изморува и зошто секој цент или денар е важен.

Ниту јас немам енергија да излезам во град сега, а уште помалку, парите од сопствениот буџет, заработени со сопствената пот да ги фрлам на екстравагантни излегувања.

Си доаѓам од работа, мртов уморен, иако воопшто не е физичка туку е повеќе психичка работа. Она што ми паѓа на памет е да го фатам креветот и никогаш да не се одвојам. Во една врска која не може да се објасни.

Но, не постои магионичар кој ќе среди сè.

Кога ќе се обидете да застанете на свои нозе, а според мене тоа е најубавата битка која мора да ја водите, сфаќате дека не постојат херои, туку вие станувате сопствениот херој кој мора да се избори со секојдневието.

Вие ја носите храната на трпезата, вие ја креирате среќата и убавите моменти. Вие правите баланс на работа и задоволство, останувајќи во буџетот кој го имате. Затоа што знаете дека ги нема мама и тато. Нема кој да ве турне и нема кој да покрие кога ќе погрешите. Сами со светот.

Не се разбирав многу од магија. Но знаев дека со овие две раце и лудите замисли во мојата глава можев да создадам многу. Затоа сакам да ви кажам да не се плашите.

Излезете да го откриете светот, изборете се за себеси, не постои чудо кое ќе ви го донесе она по што копнеете.

Мама и тато ќе бидат покрај вас до крајот на животот, но одговорност и обврска е, да им покажете дека изгледале човек, кој знае и умее да се справи со животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава