„Таа е неморална, тој е зависник“ - зошто половина од населението во Македонија си зема за право да етикетира?

Никако пустите не се научивме како менталитет, а и душата богами не ни знае за поинаку, да си го чуваме јазикот зад забите секогаш кога не треба да зборуваме или ајде да префромулирам - секогаш кога немаме нешто паметно да кажеме.

taa-e-nemoralna-toj-e-zavisnik-zoshto-polovina-od-naselenieto-vo-makedonija-si-zema-za-pravo-da-etiketira-01.jpg

Ама не! Секојдневно без разлика дали ќе седнеш на кафе или ќе се најдеш во најнормалното дневно опкружување започнува еден процес кој јас го нарекувам етикетирање и колку и да ти се превртува во стомакот, ти мора да ги слушаш истите трач муабети, секогаш слични само со различно име.

Имаат ли луѓето сопствени животи?

Сите самохрани мајки беа ку*ви за етикетирачите. Расипикуќи кои не знаеле како да го задржат сопругот.

За секоја една жена со такви карактеристики имаа убава сочна приказна како сето тоа се случило, вистината во приказната не ни беше релевантна важно беше дека има приказна.

Не дај Боже, па да си омажена, па да си дозволиш едно вечерно излегување со другарките.

Уште полошо немој да те видат бремена на забавата организирана од другарката и никако не пиј една чаша бело вино ќе кажат дека сакаш да го умреш бебето. И овие вториве ја добиваат етикетата од погоре и истите зборови од претходно, можеби со додатокот „Добро бе маж ѝ толку е глуп, да ја остава вака да се однесува?!”

А како се однесуваше ? Нормално како и секој човек, но во ненормално општество, нормалното стануваше ненормално, секогаш. Притоа другата страна никогаш не беше сослушана и без нејзино барање беше фамозно експонирана од чаршиските алапачи, не само жени, туку и мажи, на нивните кафе средби.

Секоја девојка која на батето од теретана немаше да му ја прифати пијачката и да се смее на неговите очајни, да не речам комплетно неразумни „pick-up lines”, беше етикетирана како ку*ва која трча по богаташи кои имаат многу, многу пари, а не по убавите батиња како овој од теретаната.

Најчесто девојчето се случуваше да биде културно воспитана дама која не легнува за една пијачка и не се бакнува со кој стигне по дискотеки, само затоа што ѝ кажал „Колку убаво изгледаш вечерва”.  

Тоа немаше врска, таа него не му го даде тоа што тој бараше и затоа беше .... Ку*ва!

Половина град ќе живее со таа приказна, само затоа што батето тоа ќе го раскажеше на секој кој доаѓаше во теретаната, наместо да го признае својот неуспех како маж.

Соседот од петтиот кат обожаваше да се дотерува, а на таквите модни комбинации можеа да му подзавидат многу славни мажи. Секогаш беше скоцкан од глава до пети, ама во очите на нашето маало, тој беше прогласен за хомосексуалец.

Му изнаместија какви не момчиња, афери со не знам си какви не стари мажи, дури и мажите од маалото го избегнуваа за да не помислат другите дека можеби и тие вршат прељуби на своите сопруги со него.

Како и да е, сето тоа немаше врска, човекот имаше долга врска со девојче кое исто така беше вљубено во модата и заедно изгледаа совршено. 

Исто така ако имаш интереси за танц, музика, глума или пак те интересира опера, а си момче, можеш да си заработиш етикета.

Сите кои слушаа рок музика, имаа специфичен стајлинг, кој едноставно ги исполнуваше, беа етикетирани како наркомани. Не дај боже момче да има долга коса и да се носи во тесни фармерки со синџири. Не дај боже девојка да се потстрижи кратко, а притоа да ѝ стои таа машка фризура.

Веднаш ги сместуваа во тешки случаи навлечени на опојни супстанции или пак членови на некоја секта која никој не ја разбира. Тетоважата им беше само дополнителен доказ да ги наречат наркомани.

Факт беше дека луѓето имаа свој вкус и свој стил, сектата или дрогата не одлучуваа за нивниот стајлинг.

Ама пустиот македонски менталитет, да си кажеме и што треба и што не треба, без ништо претходно да знаеме. Простотилукот беше полош и од неукоста, а па најлошо ако двете се искомбинирани – циркуз. Веќе не зборувавме за менталитет, туку за тешка психолошка состојба како нов правец во медицината.

Половина од населението си земаше за право да етикетира и го правеа тоа кај ќе стигнат. 

Понекогаш дури и ми беше жал за таквите, кои немаат ништо друго освен да се окупираат со туѓи животи.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...

Најчитани неделава