Знаеш ли кој сум јас?!

Во денешно време и со нашиот менталитет чести се оние кои знаат да кажат: “Знаеш ли ти кој/а сум јас?“.

znaes-li-ti-koj-sum-jas-001.jpg

Ако се најдете во ваква ситуација важно е да останете прибрани.

Верувале или не оваа приказна е вистинита. На вработената на шалтер на Загребскиот аеродром треба да и доделат признание за духовит и интелигентен одговор.

Еве што се случило:

Заради бурата во Дубровник, летот на релација Загреб - Дубровник е откажан.

Водич од една туристичка агенција на шалтерот правел нова резервација за својата група нетрпеливи патници, кога еден лут и нервозен господин се избуткал до шалтерот.

Ја фрлил својата карта на шалтерот и викнал:

Јас морам да бидам на овој лет и тоа во прва класа!

Службеничката на шалтерот му одговорила: 

“Господине, жал ми е, но јас морам прво да направам резервација за групата луѓе која чека пред вас, ако бидете трпеливи сигурна сум дека ќе можам на некој начин да ви излезам во пресрет.

Лутиот господин не бил воопшто импресиониран од љубезниот одговор туку и се развикал на жената зад шалтерот: Знаете ли вие воопшто кој сум јас!?

Без нервоза, жената го зела микрофонот и се јавила:

Ги молам посетителите на Загребскиот аеродром за внимание. На терминалот за домашни летови имаме човек кој не знае кој е. Ако може некој да помогне во откривање на неговиот идентитет, итно нека се јави на шалтер број 2.

Покрај хистеричното смеење на патниците кои чекале во редот, нетрпеливиот господин со бесен глас и дофрлил на службеничката:

Ќе ти *бам *атер!

На тоа таа љубезно му одговорила:

Жал ми е господине, но и за тоа ќе треба да почекате во редот!

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg