Тато, како да го преживеам сето ова без тебе - без твоите крилја за да полетам?

Колку треба за да се преживее во овој свет кој е премногу глув за да нè слушне? До кога ќе чекаме подобар ден, сами, полни со пасија, кога е многу лесно да не повредат?

zosto-nema-mail-na-neboto-01.jpg

Колку чинат нашите сни кои ги сонуваме со отворени очи, дали беа грев?

Со колку можат да нè купат?

Се обидуваме секојдневно да не го кренеме своето сопствено бело знаеме, да се спротивставиме на притисокот кој го чувствуваме секогаш кога ќе склопиме очи, нервозата и нападите на емоции кои едноствно нè обземаат, да не ги регистрираме, се обидуваме....

Опкружени со хипокрити и лага на секој чекор, идиоти кои ги држат конците, неразумни суштества кои уништуваат животи. Дали можевме да го издржиме сето тоа?

Можевме ли против мувлосани срца, облечени во отмени алишта како главни претставници на ароганцијата, индиферентноста и нечовечноста?

Толку многу сме фокусирани на сето она што нè труе, што забораваме да го креираме сопствениот мир и да ги сакаме луѓето кои се околу нас. Забораваме дека сè може да снема за миг, да изгори како глава на дрвено кибритче. Нели сѐ уште не сфативме дека не можеме да го вратиме времето назад?

Како да го преживеам сѐ ова без тебе, кој ќе ги монтира моите крилја за да полетам? Кој ќе ми каже како да го живеам овој живот со полна пареа, кој ќе ме стави во вакуум за да го оттргне стравот, за да ме натера да бидам бестрашен? Кој ќе ми ја даде моќта да сонувам. Како да гледам во сонцето кога знам дека не си крај мене?

Што да правам со сите овие емоции, овој гнев, бунтовност, кошмари, желбата да одам напред, а понекогаш не можам да се поместам, зошто те нема кога проклето ми требаш? 

Се сеќавам дека секогаш гледавме кон сонцето, никогаш не мислев дека нема да го дочекаме заедно тој подобар ден за кој толку често зборувавме. Како да се чувствувам безбедно, како да ја почувствувам топлината на ова свежо месо, на оваа сува кожа, кога нема огнови да ме згреат, само лузните на твоето заминување? Како ќе најдам љубов, како да се смирам, како да знам дека таму горе е безбедно за тебе, како да не сонувам кошмари?

Ќе можам ли некогаш да го составам ова скршено срце, ќе може ли да работи како некогаш, ќе дојдат ли тие подобри денови кои толку ги дебатиравме? Дали рајот е пекол, дали можеш да добиеш сѐ, откако ќе изгубиш сѐ? Лошо ми е без тебе, многу ми е лошо, да знаеш.

Светот минува, јас го чувствувам твоето отсуство, недостига твојата љубов, се плашам дека нема да ми пораснат крила да полетам, фали твојот лик и изопачениот хумор. Фалиш ти!

Зошто нема мејл на небото? Имам толку да ти кажам, многу работи ми се случуваат, како шпанска сапуница. Немам на кого да се доверам. Како можеше да ме оставиш сам?

Се смееш ли кога гледаш какви глупости правам? Ме чуваш ли кога ќе бидам трапав и ќе се загрозам себеси, сто пати дневно? Како е таму горе, најди некој начин повторно да бидеме неразделни. Си замина без да ти кажам, се надевам додека го куцам овој мејл адресиран до никого, не се смееш и не си мислиш дека го изгубив умот.

„Што чувствуваш кога не чувствуваш ништо, празни зборови и умрено утро. Пијам кафе сам, а сварив кафе за двајца. Си зборувам сам, како да сум се мрднал, те замислувам таму на другата фотелја каде што секогаш седеше. Куршуми на самотија удираат по мојата душа. Нема светлина во собата. Слушни ме за последен пат.

Нема да се предадам, колку и да изгледа невозможно. Нема да им го дадам задоволството да ги видат моите солзи. Ме учеше да бидам силен, силен и ќе бидам. Ќе се изборам за моето место под сонцето, за својата среќа во животот, за себеси и за оние кои треба да дојдат по мене. Ќе најдам начин одново да создадам дом, оној кој веќе долго го нема откако те нема тебе.

Сѐ што ме научи ќе го понесам како аманет и ќе се борам, со сите немирни води. За да гледаш и да се гордееш и се надевам кога ќе дојде време ќе се сретнеме, ќе се пречекаме со насмевка како некогаш. Ако не одговориш на овој мој неадресиран мејл во рок од една недела, да знаеш дека многу ќе се налутам. Само дај ми знак.

Ми недостигаш, не можам да ти опишам колку. Знај само едно, ти си причината за моето постоење, за моите битки. Ти си моќта што ме носи секаде. Не стигнав да ти кажам. Те сакам, те сакам, те сакам!

Колку и да звучи глупаво, во стилот на твојот хумор, кажи му на дедо Боже нека инсталира некој софтвер за комуникација, време му е да се модернизира. Оваа празнина не се издржува.

Чувај се и чекај ме!”

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор:  Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg