Има 33 години, а се моли да не најде девојка за озбилно - секојдневие во Македонија

Лигави деца во тело на мажи, на кои мама уште им приготвува житарки за појадок, а тато им ги плаќа сметките. Зарем се луди да имаат сериозни врски и да се женат?

ima-33-godini-a-se-moli-da-ne-najde-devojka-za-ozbilno-sekojdnevie-vo-makedonija-01.jpg

Не, ова не е реално што се случува. Другаркиве веќе со нота на очај во гласот ми раскажуваат како градот отишол таму каде што не треба. Како маживе се претворени во деца, поточно се незрели, недораснати и разлигавени.

Веќе добро навлезени во триесеттите години, а сè што имаат на ум е забави до раните утрински часови, добри автомобили и секс без обврски.

За врски не се подготвени затоа што или наводно немаат што да им понудат од материјален аспект на девојките (а ништо не се очекува од нив и стоп за нерешеното станбено прашање и несигурното работно место) или пак не сакаат никому да поднесуваат извештај каде се и со кого се (да, за жал, така ги сфаќаат љубовните врски, налик на зандана), но најреално нема никаде поубаво од дома, каде родителите им се тресат како да имаат 12 години, па мама им приготвува житарки пред работа, им пегла кошули, а навечер ги покрива кога ќе заспијат во дневна на каучот, додека тато не им зема пари за сметки.

И имам тон сингл другари на оваа возраст и ги прашувам што не е во ред, зошто немаат сериозни врски, зошто не размислуваат за брак и деца? Имаат по 30, 33, 35, 37 години и сè уште најважно им е да имаат резервирано добро сепаре, да бидат дел од „шемата“ и дома сè да им е наместено и принесено од родителите.

Плус, нема нормални девојки, нема некоја што ќе им го допрела срцето, велат.

Како така во три децении живот не запознавте ниту една доволно добра за вас? Ако мама ви вели дека сте кралеви не треба да верувате во тоа и да барате девојка која ќе ве третира како такви и ќе ве гледа со понизност.

Плус, престанете и да ги гледате светските Инстаграм ѕвезди со затегнати стомачни и да очекувате дека ќе пронајдете девојка со така затегнато тело, но која едновремено е амбициозна и зема голема плата, домаќинка е и меси најубави кифлички и ќе ви роди деца и ќе ги исчува сама додека вие седите со другарите во кафеана. И да, дека ќе се грижи за целото домаќинство, а вие како кај мама и тато нема да мора да мрднете со прст.

Маживе како да станаа неспособни да ја преземат обврската дека треба на својот грб да градат и чуваат семејство и дека веќе одамна е поминато времето кога требаше да одлетаат од гнездото на нивните родители затоа што веќе не се деца, туку се возрасни мажи кои треба да имаат свои деца.

Зошто сами да фрлаат ѓубре дома, да менуваат сијалица и да се грижат дали фрижидерот е празен, кога тоа го може некој друг за нив? Плус, одвојување пари за пелени, наместо за најнова брендирана кошула навистина не им изгледа како привлечна идеја.

Разлигавени деца, упс возрасни мажи, време е - пораснете!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg