Со деколте си лесна жена, во ролка - фригидна баба

so-dekolte-si-lesna-zena-vo-rolka-frigidna-baba-001.jpg

Заземи свој став на работното место. Но, немој премногу, ќе изгледа како да сакаш да шефуваш.

Нашминкај се. Всушност, немој премногу. Мажите сакаат жени со помалку шминка.

Покриј се ако не сакаш да привлечеш несакано внимание. Но, не се покривај премногу, не сакаш да бидеш баба на млади години.

Да бидеш жена во 2018-та е тешко, исто како што било децении порано, бидејќи што и да правите, како и да изгледате, секогаш сте предмет на расправи, коментари и критики.

Да бидат работите уште полоши, она што се очекува од нас, е тотално контрадикторно.

Нашминкај се, но изгледај природно.

Однесувај се како дама, но размислувај како шеф.

Немој да бидеш евтина, но ниту фригидна.

Ако не си во штикли, дај отказ или шефот ќе ти го напише сам.

Ако си авторитативна, најчесто ќе те карактеризираат како тешка, импулсивна, арогантна, со еден збор – кучка.

Ако си машко, тогаш може, само си добар шеф, со сите свои квалитети.

Во врската биди женствена, облекувај се убаво, издепилирај ги нозете, бидејќи нели, тоа ти е единствената обврска – да бидеш убава.

Ако не правиш ништо од ова, ќе те прашаат како мислиш некој маж да погледне таква обична, неуредна жена?

Меѓутоа, ако претераш со дотерувањето, може да заборавиш на излегувањето сама. Таква да те гледаат другите? Нема шанса.

Ако си љубоморна – тогаш си луда.

А, полуда си ако не си љубоморна.

Деколтето е еднакво на лесна жена.

Ролката е еднаква на млада баба, со тенденција да се замонаши.

Кратко здолниште – си бараш секс.

Долги панталони – никогаш нема да добиеш секс.

Штикли – претерано, патики – досадно.

Став – напорна феминистка, немаш став – тогаш си празна и глупава.

Домаќинка – како да немаш попаметна работа.

Успешна деловна жена – никогаш нема да роди дете.

Може вака до недоглед, приказната е иста, а поентата повеќе од јасна.

Суштината е една. Облечи што сакаш. Но, не заборавај да ги понесеш и своите ставови исто како и облеката.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg