„Има дете“ - „Да му е живо и здраво, само не знам од диско како го расте“

Додека жена му го чува детето дома, тој живее како ерген во најдобрите денови. Зошто толку често го гледаме ова во Македонија?

ima-dete-da-mu-e-zhivo-i-zdravo-samo-ne-znam-od-disko-kako-go-raste-01.jpg

Деновиве споделувам убава вест со колешка за еден заеднички познаник ѝ велам „Господинот X има дете, стана татко по толку долго време, сигурно се пресреќни со сопругата“. Таа ми вели: „Навистина? Баш ми е мило, само се чудам како од диско го расте.“

И оттука разврзавме муабет дека господинот X сè уште си живее како ерген во најдобри денови. На сепаре со шише пред него, со неколку русокоси, па и по некоја бринета со фустанче висоооко над потколениците. Си игра, се забавува, паѓаат шмекерски погледи до рано наутро.

И бил еден од најредовните. За него постојано било резервирано најдоброто сепаре. Му требало на човекот релаксација затоа што многу работел, а и многу долго се обидувале да добијат дете со сопругата и сето тоа ментално го истоштило.

Не, неговата сопруга не е истоштена. Не, таа сега може да го расте детето сама. Он своето го заврши – го направи.

Неговата обврска е само да носи пари во домот, а таа нека му ја мисли како ќе го чува детето, ќе оди по банки да ги плаќа сметките, ќе го чисти домот, па си има време, на породилно е, не оди на работа, единствена обврска ѝ е тоа.

Тој си инвестира во нови костими, чевли, се потстрижува на две седмици и излегува секоја ноќ затоа што годините летаат, па не сака еден ден да се разбуди и да се покае за неискористените можности. Младите девојки околу него не му се ништо повеќе од професионални соработнички, а тоа што ги чести цела ноќ е во име на плодната професионална соработка.

Госпоѓиците, не вреди ни да ги споменувам, гледаат како му светка бурмата на рака ама тоа не им е важно затоа што нели живееме во модерни времиња.

На неговото дете и запче му излезе и прооди и го кажа првиот збор ама господинот X не смета дека ништо од ова е доволно вредно за да се врти малку повеќе дома. Тој е комплетно посветен на професијата и забавата.

Е сега, можеби ќе се разбуди на 60 и ќе сфати дека повеќе ја нема некогашната енергија и ќе сфати дека сопругата цел живот жртви правела за него и била неценета од негова страна што повеќе не ни чувствува љубов кон него и дека детето му пораснало и сега живее живот во кој за него и нема некое големо место. И ќе сфати дека испуштил многу приказни и бакнежи за добра ноќ, многу работи кои се случувале за прв пат, многу искрени детски солзи и насмевки, но доцна ќе биде. Предоцна за да може да смени нешто.

Детето не му крева на телефон затоа што се чувствува бесно што целиот живот му било скратено правото да има татко каков што имаат сите негови другарчиња, но тој секогаш ќе може да се сети на евтините русокоси со кои ги ситнеше часовите во ноќите.

Секој си прави избори во животот и си поставува приоритети, а господинот X си избра вакви, зарем можеме да му противречиме?

Тој најдобро си знае што е најважно во животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg