„Бракот стана именка за потсмев, бидејќи мислите дека е играчка“

Бракот како институција, според многумина, е непотребен и застарен модел на општествено уредување, заедница која ја изгуби сета смисла на своето постоење. Некои велат дека и воопшто немала смисла уште од самиот почеток.

Brakot-stana-imenka-za-potsmev-bidejki-mislite-deka-e-igracka-01.jpg

Моногамијата е принудна, фантазерска творба на човекот кој не може да ги заузди своите желби и страсти и не е скроен да биде само со една личност до крајот на својот живот.

Некои одамна раскрстиле со ваквите дилеми и решиле дека бракот едноставно не е за нив. Секоја чест за истите. Храбро и бескомпромисно решиле да му пркосат на овој „калап“ на општествено однесување и да отскокнат од истиот, но најмногу од сè друго – решиле да не бидат лицемерни и да не го вложуваат времето и енергијата во нешто во кое и самите не веруваат и сметаат дека е осудено на пропаст.

Од другата страна, ја имате и поголемата група на луѓе – оние кои по секоја цена сакаат да стапат во брачна заедница. Воопшто не се запрашале дали бракот е нешто за коешто се подготвени или го сакаат тоа. Слепо се придржуваат кон матрицата, без да ја преиспитаат.

Можеби се воспитувани во духот на семејната традиција–моите се во брак повеќе од 30 години и од мене очекуваат и јас со време да запливам во брачните води.

Некои сметаат дека не може да си основаат дом и семејство без брачен партнер. Трети не сакаат да бидат сами, па по секоја цена ќе стават потпис во матично, да не шетаат сами по светот и да не објаснуваат на секој семеен собир–каде е твојот партнер и кога ќе ти заиграме на свадба?

Четврта група го прави тоа затоа што сака да се види во бело, фино стокмена и дотерана и поради фактот што сите другарки се испооомажија, само јас ли ќе останам „стара мома“?

Петтата се „ергени“ кои сметаат дека доволно лудувале, дека им е дојдено времето да се скрасат, а воедно се тешат и со мотото – „Ако сум женет – не ми е сменет“, па може да лудува и надвор од бракот, ама пред родителите, пријателите, роднините, Бога и матичарите ќе ја исполнам мојата света должност.

И така, секој со своите причини и убедувања, онака како што и треба да биде. Но, бракот стана синоним за потсмев. Бракот стана како онаа играчка по која копнеете премногу долго, ја играте неколку денови, а подоцна ја шутирате, ја кршите, ја фрлате.

А зошто всушност модерните бракови се покажуваат толку неуспешни и со краток рок на траење?

Brakot-stana-imenka-za-potsmev-bidejki-mislite-deka-e-igracka-02.jpg

Паровите кои се верени трошат премногу време и пари со цел да имаат совршена свадба, но не вложуваат никаков напор со цел да се подготват за добар брак.

Бракот го доживуваме повеќе како еден вид на договор, отколку како завет.

Речиси никој од партнерите не е подготвен да си го наруши комодитетот и да направи компромис во име на мирот и среќата.

Сметаме дека среќата на нашите деца треба да биде поголем приоритет отколку квалитетот и среќата на нашиот брак.

Повеќе си пишуваме пораки и комуницираме online, отколку да разговараме во 4 очи.

Неминовно покрај зборот брак веднаш се споменува и зборчето развод, како да е наједноставното нешто кое ќе ги реши сите проблеми.

Стапуваме во брак од погрешни причини – притисок од другите, стравот да не останеме или остариме сами, или пак од финансиски или биолошки аспект.

Недостатокот на дисциплина и ред е уште една причина зошто браковите денес се толку неуспешни.

Па добро размислете пред да го ставите својот потпис во матично или да застанете пред Бога, обврзувајќи се „додека смртта не нè раздели“. Никој не ве тера со сила да го сторите тоа.

Не правете ги работите во кои не верувате. Можете да имате сè што ќе посакате – и партнер и кариера и дечиња. Бракот не е нужно зло да се реализираат сите овие цели.

Но, обидете се барем да не го валкате неговото име и репутација и да ги исмевате оние луѓе кои сè уште цврсто веруваат во него.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg