Се соблече гола, те ангажираа да пееш - тоа не те прави пејачка!

Како стана едно утро и одлучи дека ќе станеш пејачка? Зарем тие што те сакаат не ти кажаа дека немаш талент?

se-sobleche-gola-te-angazhiraa-da-peesh-toa-ne-te-pravi-pejachka-01.jpg

Грака, чиниш верува колку повеќе вреска, толку подобро звучи... А тоа талент нула, глас ужас, музикалност во минус. Појдов на узо и шарска во кафеана, се вратив со ужасна главоболка гратис.

Зошто газди на кафеани? Зошто ни го правите ова? Во ред е.. Гледам има долги нозе, а кратко фустанче, големи гради и мега деколте, но зошто ја ангажиравте? За да биде пејачка, така?

И ќе привлече неколку мажи со сомнително ниво на култура, што ќе зјапаат во неа и можеби дури ќе имаат желба да ѝ стават бакшиш меѓу градите, но нели гледате дека некој ја избрал вашата кафеана да прослави крштевка на пример? Нели гледате дека таргет групата за вашата „пејачка“ е многу мала, а сите останати се осудени на страдање?

А и ти млада дамо... Зарем не си свесна за тоа дека немаш талент за пеење? Зарем не ти кажале родителите или партнерот можеби? Зарем не те сакаат доволно за да ти посочат дека се бламираш секој пат кога ќе се фатиш за микрофонот?

Знаеш и сама дека со ролка и панталони не им „звучиш“ доволно добро на газдите при преговарањата дали да те ангажираат. Навистина нема потреба да си ја симнуваш цената како личност толку ниско.

Пронајди нешто во што си добра и бркај ги своите соништа. Со сила убавина не бидува. Со кратко фустанче и без глас пејачка не се станува. Талент ти треба. Барем малку, па да имаш на што да се надградуваш.

Навистина завиваш, на другите им црвенеат образите во твое име кога те слушаат и помислуваат како може ниту една песна да не ти одговара. Размислуваат како стана едно утро и одлучи дека ќе станеш пејачка.

Некоја девојка таму некаде има одличен глас, но не може да дојде на ред до микрофонот затоа што нема долги нозе и големи гради како тебе. Па, ако газдите на кафеаните немаат ум и те ангажираат тебе за сметка на неа, ти имај почит кон самата себе, но и кон нејзиниот талент и отстапи.

Не го бива секој за сè и не е вистина дека секогаш ако доволно сакаш нешто дека ќе ти се исполни. Потребни се темели за да се изгради куќа, а ти ги немаш потребните темели за да градиш музичка кариера.

Остави го микрофонот, тргни се од „излогот“ и препушти им го местото на тие што имаат талент. Навистина уши болат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Слаткар за CRNOBELO лексикон: „Првата симпатија ми се викаше Сања“ „Мислев дека Монте Карло е најубавото местои на светот. Бев таму и после тоа сум...

Најчитани неделава