Бидете благодарни за животот, без разлика колку е тежок

Секој живот на овој свет постои со своја цел, со своја мисија. Секој живот е подарок и треба да бидеме благодарни, без разлика колку и тешки периоди да сме имале.

bidete-blagodarni-za-zhivotot-bez-razlika-kolku-e-tezhok-01.jpg

Бидете благодарни затоа што сте тука, затоа што имате шанса да креирате трајни вредности и да ги оставите за идните генерации. Бидете благодарни, затоа што да не беше овој живот, немаше да ги запознаете сите оние прекрасни луѓе кои бескрајно ги сакате.

Бидете благодарни за секоја лузна, физичка или душевна, бидејќи во секоја од нив лежи потсетник за тоа колку сте силни. Не заборавајте ги и малите нешта - топлината на вашата соба, светлината низ прозорците наутро, храната и уживањата.

Бидете благодарни што од сите грешки учите важни животни лекции. Во светот полн со каења, бидете благодарни што воопшто сте направиле нешто, макар и тоа да резултирало со лош резултат. Тоа е подобро отколку само да седите со скрстени раце.

Животот не е цел на совршенство, бидејќи во исто време е и лесен, но и комплициран. Најдете ја среќата во материјалните и нематеријалните добра, во луѓето, во вашата душа.

Дури и ако во моментов минете низ тежок период, кој ви се чини безизлезен, запомнете - не ја губете вербата. Секогаш бидете благодарни за животот, наместо да ја жалите моменталната ситуација.

Сè ќе помине, па така и лошите денови, а добрите ќе дојдат чекајќи ве да ги изживеете со полн капацитет.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава