Прочитајте го ова ако се грижите дека не сте таму каде што треба да бидете

Не е важно колку пати сте помислиле дека уште не сте на местото кое ви припаѓа и каде требаше да бидете одамна.

prochitajte-go-ova-ako-se-grizhite-deka-ne-ste-tamu-kaj-shto-treba-da-bidete-01.jpg

Лошо е ако се чувствувате дека никогаш нема да најдете начин ако бидете таму. Но, погледнете 15 години наназад. 10 години... 5 години... Изминатиот месец и вчера... Сепак, имате направено дури и премногу. Па, зошто тогаш неколку грешки, кои можете да ги изброите на прсти, толку влијаат врз вашето чувство на вина?

Сигурно сте се обиделе со сè што ви е на располагање, се храневте поздраво, вежбавте, читавте книги, се обидовте со медитација и со водење на булет-дневник. Но и покрај тоа, нешто е празно.

Направивте сè што беше во вашата моќ, но вашиот живот воопшто не е онаков каков што сонувавте дека ќе биде. Заглавени сте со работа која ја задржавте поради платата, не вложувате доволно во врската и кругот на пријатели ви е доста помал. Лошо спиете, долго време не сте кажале ништо позитивно, премногу размислувате, не си верувате на инстинктите и претчувствата...

prochitajte-go-ova-ako-se-grizhite-deka-ne-ste-tamu-kaj-shto-treba-da-bidete-02.jpg

Свесни сте дека промените не доаѓаат преку нок, но вие стагнирате со години. Тоа е затоа што се обидувате да ги средувате нештата наеднаш, а не едно по едно. Затоа и го губите фокусот и не вложувате доволно во секој сегмент во животот.

За да стигнете таму каде сте целеле, треба да бидете подготвени на тоа. Само тогаш нештата ќе се подредат на начин на којшто дури ни самите не можевте подобро да замислите. Затоа, не се форсирајте себе да бидете најдобри.

Работете ден за ден. Во денешниот ден вложете сè што било во ваша моќ и чувствувајте како вашето срце е мирно, знаејќи дека ништо не сте пропуштиле да направите. Ако силно верувате во својата цел, патот до нејзе ќе биде трнлив, но вие ќе знаете како да се справите со секоја боцка и гребнатинка.

Верувајте, вината ќе помине и во блиска иднина, кога повторно ќе се вратите наназад, ќе гледате на овој период со олеснување и насмевка.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg